И по толку време, Кајмакоски сè уште неисплатен за Х-Фактор!
Минатата сабота уживавме во нова премиерна епизода од домашното број 1 ток-шоу, Еден на Еден. Овојпат “еден на еден” со Жаре беше победникот на балканскиот Х-Фактор и поранешен македонски претставник на Евровизија – Даниел Кајмакоски.
Полн со позитивна енергија, Даниел не го штедеше својот талент и приреди навистина добро шоу.
Меѓу останатото, одговори како се снаоѓа со популарноста, откри зошто имал лош стајлинг неколкупати во кариерата, се проба и во фристајл пеење, а гостувањето го заокружи со фантастичен кавер на “Sex on fire” заедно со Жаре на гитара.
После ова гостување, со сигурност едвај чекаме да ги видиме следните проекти на Даниел кои ги најави во Еден на Еден.