Скопје Сити Мол ја приреди највозбудливата велигденска магија за децата и за возрасните

Скопје Сити Мол и оваа година за претпразничните денови приреди незаборавни семејни мигови и доживувања за сите генерации.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-01.jpg

Децата ѝ се радуваат на домашната фарма со езерце со патки, кои имаат можност да ги хранат, но се дружат и со игривите зајчиња, кои може да ги милуваат, па домашната фарма и оваа година е катче на радост и смеа за најмалите посетители на Скопје Сити Мол, но и за родителите, кои со радост ги фотографираат и ги споделуваат моментите поминати со своите најмили.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-1.jpg

Дружбата со веселиот џиновски Зајко, со кој се фотографираат и се забавуваат дечињата, продолжува и натаму секој ден од 10 до 22 часот, веднаш до домашната фарма. Посетителите имаат прилика секој ден да го посетат и велигденскиот корнер и да купат декорации со кои ќе го украсат домот, ќе придонесат за велигденска, семејна топлина и празнични моменти.

Скопје сити мол, заедно со „НВО Детски свет - Нов почеток“, се погрижи „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ да биде спој на креатива, забава и хуманост. Секој викенд од 12 до 14 и од 18 до 20 часот на вториот кат се реализираатдетски креативни работилници за деца до 10 години, каде што децата бојадисуваат велигденски јајца и изработуваат уникатни велигденски декорации, кои потоа се изложуваат. Со купувањето, посетителите донираат за првиот кол-центар за помош на лица со попреченост во видот.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-2.jpg

Скопје Сити Мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарењето, обезбедувајќи најдобар амбиент, најубави доживувања и најдобра грижа за своите потрошувачи, со посебен однос кон семејството и традицијата, празнувајќи заедно со сите свои пријатели.

Во продолжение погледнете го видеото:

За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Отворен и петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, во Велес Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакн...
Македонскиот доктор, кој е модна икона во Бугарија и има прекар Кен, стана татко на близнаци (фото) „Му благодарам на Бога“ – напиша Панче Димитриев до првата фотографија од негови...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Маврово, Копаоник, Алпи: Каде зимуваа познатите Македонци? Едни се забавуваа на снегот на нашите планини, други избраа дестинации во соседс...
Kaтарина Ивановска, фит во бикини, го прослави 35-тиот роденден во Хрватска - со партнерката на Атан... Со роденденска торта на јахта, но и концерт на Здравко Чолиќ во Пула во деновите...
Мирослав ја запроси саканата Викторија во Валенсија, во ресторан со огромен аквариум и нуркачи (виде... „Планот и реализацијата траеја околу 2 месеци. Другарите од Полска ми помогнаа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg