Ирена Павлова, сениор менаџер во AVON: Со AVON станав девојка која знае да води свој бизнис

Компанијата ми овозможи да постигнам финансиска независност, а паралелно со тоа ми даде можност да имам флексибилно работно време, што е голема реткост во денешно време – објаснува Ирена.

irena-pavlova-senior-menadzer-vo-avon-so-avon-stanav-devojka-koja-znae-da-vodi-svoj-biznis-1.jpg

Штипјанката Ирена Павлова е дипломиран правник, но одлучила да стане дел од семејството на козметичкиот гигант AVON поради шансата да изгради сопствен бизнис и да се надградува низ постојаните обуки. Денес води продажен тим составен од 450 луѓе, а континуираниот раст ја исполнува и ѝ дава стимул за работа. Откако влегла во овие води запознала многу луѓе, се оформила како личност и прераснала во девојка која е способна да води сопствен бизнис.

- АVON ми овозможи да бидам финансиски независна, а паралелно со тоа ми даде можност да имам флексибилно работно време, што е голема реткост во денешно време – додава 28-годишната Ирена.

Мисија за поубав и побезбеден живот

За неа, AVON претставува сигурност и охрабрување и неограничен потенцијал за стекнување на нови знаења и можности за заработка.

- Без разлика на тоа што сум дипломиран правник, АVON е моја професија и единствена преокупација. Секој ден го минувам работно со AVON, независно дали во канцеларија или надвор на теренска работа. Огромна среќа во работата ми причинува фактот што преку убавината и производите за убавина, ја споделувам мисијата за поубав и побезбеден живот за сите жени во светот – додава Ирена.

Особено задоволство ѝ причинува тоа што има шанса преку продажба на одредени производи да им помогне на жртвите на семејно насилство и на жените кои се борат со ракот на дојка. 

- Сознанието дека преку убавината ги трансформираш животите на луѓето е навистина бесценето чувство – додава Павлова.

irena-pavlova-senior-menadzer-vo-avon-so-avon-stanav-devojka-koja-znae-da-vodi-svoj-biznis-2.jpg

Обуки под менторство на успешни дами

Сегашниот успех го постигнала благодарение на тоа што верувала во себеси, но и како резултат на поддршката која AVON ѝ ја дава и тимскиот дух кој компанијата постојано го развива.

- Континуирано поминувам низ обуки на различни теми, под менторство на успешни дами кои ми даваат огромна поддршка и инспирација во секојдневната работа – објаснува Ирена.

Една од најголемите предности на работата со AVON е фактот дека е финансиски независна и има флексибилно работно време.

- На тој начин сама си го определувам слободното време и си посветувам повеќе време на себеси и на луѓето околу мене – посочува таа.

За пет години се гледа на уште повисока и посилна позиција во компанијата и со барем двојно поголем број на луѓе во нејзиниот тим. Во контекст на новото мото на AVON, „Убавина со цел“, Павлова вели дека според неа убавината претставува пат до среќата, исполнетост како и помош која треба да им се даде на оние на кои им е потребна.

- Секоја среќна и исполнета жена е убава жена. Тоа за мене е убавина со цел – завршува Ирена. 

Би можело да ве интересира:

„Има големи шанси за победа“ – Позитивни коментари по првата проба на Тамара Грујеска на Јуниорски Е... „Браво“, „Горди сме“, „Во 2024-та Скопје ќе биде домаќин на Јуниорската Евровизи...
Кои се најпознатите сестри на македонската јавна сцена? Освен иста професија, делат и иста ДНК. Ова се најпознатите сестри во Македонија...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Низ публиката на Златна Бубамара 2024 (фото) Златна Бубамара е чиста емоција, вистинско уживање за сите генерации, непресушен...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...
Перо Антиќ со емотивна објава за роденденот на Петар (8): „Се гордеам што го имам најдобриот син“ „Горд сум и благодарен што го имам најдобриот 8-годишен син на сите времиња. Сре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg