Македонскиот „Бакал“ кандидат за 50-те најдобри ресторани во светот

‘‘Бакал‘‘ е гастро ботаничко богатство! Место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења, т.н. угостителско свето тројство...

makedonskiot-bakal-kandidat-za-50te-najdobri-restorani-vo-svetot-05.jpg

 Позитивните  коментари од посетителите и од вистинските гурмани како за амбиентот така и за стандардните услуги што ги нуди македонскиот Ресторан Бакал  беа повод овој наш ресторан да конкурира на изборот за 50-те најдобри ресторани во светот на светски реномираниот конкурс http://www.theworlds50best.com/. Листа каде се наоѓаат најдобрите ресторани во светот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат. Минатата година епитетот најдобар европски ресторан го понесе каталонскиот ресторан El Celler de Can Roca, на браќата Рока, кој покрај со уникатниот амбиент се издвои и според оригиналните јадења, имагинативните слатки и поврзаноста со шпанските културни корени.

makedonskiot-bakal-kandidat-za-50te-najdobri-restorani-vo-svetot-02.jpg

Ресторанот Бакал, има навистина посебен амбиент, тоа е угостителски објект каде се внимава на најмалите детали, а сопственикот на ресторанот г. Горан Симјановски со огромна страст и желба се труди се да биде совршено и проверено. Ресторан кој не ги заборава своите скромни традиционални корени, македонската традиција, чувството за фамилијарна топлина и потребата да се понудат неверојатно вкусни јадења.

Тоа е и причината зошто во Бакал секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот  се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р'жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

makedonskiot-bakal-kandidat-za-50te-najdobri-restorani-vo-svetot-03.jpg

 Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, гостопримството и љубезноста на Македонците, хедонизмот и страста за убави доживувања. Ресторанот кој се наоѓа на само 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница,  поврзан со автопатот Скопје-Тетово, и идеално место за одмор за туристи од Србија и Косово, кои патуваат за Охрид или некое друго туристичко место во Македонија.  Нуди максимална интимност,

а градината во него е нешто посебно.  Црвени ливчиња на фотинии, липи, расцветени хортензии, и други цвеќиња и растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој, а од сите страни се простира зеленило и  хармонија од бои кои максимално опуштаат. По долг пат или напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

makedonskiot-bakal-kandidat-za-50te-najdobri-restorani-vo-svetot-04.jpg

Бакал нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубава атмосфера секој состанок се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.

makedonskiot-bakal-kandidat-za-50te-najdobri-restorani-vo-svetot-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Локал во близина на Демир Хисар со патки, лебеди, езерце и рурален амбиент е зелена оаза на мирот (ф... Со рурален шмек, среде прекрасна природа, далеку од градската врева... Овој лока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg