Стобиранка – голема наградна игра од Витаминка со брендот Стоби

(Прилеп, 21.09.2016) – Три автомобили, скутери, ховерборди, ЛЕД телевизори, таблети и уште над 500 други вредни награди се дел од големата наградна игра на Витаминка и омилените грицки Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс и Стоби Стикс.

stobiraj-i-vozi-golema-nagradna-igra-od-vitaminka-so-brendot-stobi-1.jpg

Наградната игра „Стобиранка“ започнува на 20-ти септември и ќе трае до 25-ти декември, кога е последното извлекување на добитниците. За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс или од Стоби Стикс од кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се остави во видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, се решивме да направиме наградна игра за производи од брендот Стоби. На овој начин сакаме да им се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Стобиранка има вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23-ти Октомври, второто на 27-ми ноември и третото на 25-ти декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил Toyota Yaris и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.

Сите подетални информации за наградната игра како и јавното објавување на добитниците ќе бидат поставени на веб платформата www.stobiranka.mk.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на егзотичен одмор во Египет - пејачката во топ форма по второто пор... „Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе“, порачува Сар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg