„Сочувајте ги парите, за парите да ве сочуваат вас“ - Корисни предлози за да тргнете пари на страна

Во денешно време  воспоставувањето контрола врз сопствените финансии значи ослободување од голема количина на стрес. Искуството покажува дека во подоцнежните години парите ќе ни бидат потребни двојно повеќе во однос на тоа додека сме помлади. Па затоа планирањето на буџетот со кој располагате е од големо значење, а тргањето пари на страна како заштеда е нешто што се вежба, бидејќи се работи пред сè за самодисциплина.

socuvajte-gi-parite-za-parite-da-ve-socuvaat-vas-korisni-predlozi-za-da-trgnete-pari-na-strana-001.jpg

Една поговорка вели: „Сочувајте ги парите, за парите да Ве сочуваат Вас“. Праксата во Македонија покажува дека младите не само што немаат навика да размислуваат за подалечната иднина туку и самосвеста за значењето на штедењето и инвестирањето во иднината е на многу ниско ниво, што не е случај со развиените земји. Ова е тема за која секако вреди да се размисли!

1. Елиминирајте ги вашите долгови

Доколку сакате да заштедите пари и да ставите нешто на страна за во иднина, првата работа од која треба да почнете се долговите. Доколку влечкате зад себе голем должнички износ започнете од него и конечно затворете го. Израчунајте колку Ве чини секој месец каматата која ја плаќате за да го подмирите долгот и ќе ја добиете големата слика за вашата финансиска перспектива. Еднаш кога ќе се ослободите од овој товар многу едноставно ќе можете да ставате пари на страна како заштеда. Затоа направете ги сите напори за што побрзо исплаќање на долговите без разлика дали тие се однесуваат кон банките или поединци.

2. Поставете си цели за заштеда

Еден од најдобрите начини да заштедите пари е да имате јасна претстава во име на што го правите тоа. Доколку ви е потребна мотивација поставете си таргети за заштеда заедно со временска рамка за да Ви биде полесен процесот на заштеда.

На пример сакате да си купите велосипед кој чини 18.000 денари, па на овој начин можeте да претпоставивте колку пари ќе треба да тргнете на страна за да во одреден временски период ја постигнете посакуваната цел.

3. Оставете ги цигарите

Се разбира не е лесно да се откажете, но доколку дневно пушите по една цела кутија тоа значи дека во текот на годината трошите просечно 43 200 денари, така да лесно можете да заклучите дека не се работи за мала сума на пари. И се разбира уште поважна придобивка доколку ги откажете цигарите е вашето здравје кое ќе го оддржите во многу подобра форма.

4. Размислете за што трошите пари

Ајде да бидеме реални, Вашата инвестиција во дополнителни предмети во домот и најразлични „гаџети“, како модерни мобилни телефони или таблети е неисплатлива бидејќи тие многу брзо ја губат својата функција и се амортизираат. Па затоа убаво запрашајте се секој пат кога сакате да го подновите вашиот дом или себе лично со некој нов „гаџет“ дали тој навистина Ви е потребен. Наместо да ги фрлате парите на работи кои чинат многу, размислете да ги вложите во дом кој ќе биде енергетски ефикасен. Па така ќе знаете дека инвестицијата ќе Ви се врати.  Повикајте стручни лица кои ќе го оптимизираат вашиот дом и ќе го направите енергетски ефикасен. Вложете во вистинските работи како што се прозори, врати и нова инсталација која ќе го направи вашиот дом место кое заштедува пари. Со текот на времето ќе ги почувствувате предностите на ваквата инвестиција.

5.  За на работа спакувајте го вашиот оброк

Еден од поедноставните начини за да тргнете пари на страна е да се потпрете на вашите едноставни кулинарски вештини и наместо секојдневно да давате пари за ужинка или ручек, со малку труд ќе можете секојдневно тоа да го правите од дома. Ова е многу сериозен начин да заштедите, а математиката е едноставна! Доколку ви требаат 200 денари за да си го купите ручекот, направен од дома истиот ќе ве чини само 60 денари. Разликата е голема и очигледна, односно во првиот случај во текот на месецот ќе потрошите 4400 денари, додека во вториот само 1320 денари.  На овој начин ќе можете да ставите пари на страна кои можат да бидат фонд за итни случаи или уште попаметно можете да размислувате чекор понапред и да почнете да правите заштеда за пензиските денови.

Иако праксата вели дека младите во Македонија во споредба со оние во развиените западни земји повеќе сакаат да размислуваат „од денес за утре“, време е да ги смениме овие навики и да почнеме да размислуваме во друга насока. Инвестирањето во вашата иднина денес е лесно решлива бидејќи постојат многу начини кои тоа можат да Ви го олеснат. Не е потребно да сте финансиски аналитичар и експерт доволно е да имате желба секој месец да тргате скромна сума на страна со што ќе направите значаен допринос за побезбедна иднина. За повеќе информации за тоа како да ја вложите вашата заштеда видете ги информациите на слендиот линк.

Би можело да ве интересира:

Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg