Нов магацински комплекс на Нептун Македонија

На 21 октомври 2016 година започна со работа новиот магацински комплекс на Нептун Македонија, лоциран во општина „Илинден“.  Изградбата на објектот започна во јануари годинава. Се работи за модерен објект за складирање на бела техника и електроника проектиран по актуелните светски архитектонски стандарди. Објектот е изграден на површина од 7700 м2 и опфаќа - 6 500 м2 магацински склад и галерија од 1200 м2. Целосната инвестиција изнесуваше 3 милиони евра, а беше комплетирана за 10 месеци.

nov-magacinski-kompleks-na-neptun-makedonija-1.jpg

Магацинот има еко дизајн –кој ги поврзува аспектите на животната средина во дизајнот. Во градбата се инкорпорирани голем број странични прозори и лантерни на кровот, кои овозможуваат целосно осветлување на магацинот само со дневна светлина, со што се заштедува електрична енергија и се штити животната средина. Објектот ги запазува и сите стандарди за енергетска ефикасност.

При надворешното и внатрешното градење на објектот се користени единствено високо квалитетни материјали. При планирањето на проектот се запазени сите регулативи за магацинско работење, преземени се сите противпожарни мерки, но и мерки за безбедност при работа. Во таа насока поставени се роло-врати со тунели, воздушни завеси, кров со лантерни кои автоматски се отвораат во случај на пожар.  Објектот е пристапен и за инвалидизирани лица.

Новиот магацински комплекс, располага со 4 целосно автоматизирани товарни рампи и дополнителни 3 платформи за влез и излез на роба; шалтер за документациска работа, административни канцеларии и чуварска куќа со комплетен мониторинг на објектот. Обезбеден е паркинг за лесни и тешки возила. Работното време на магацинот е од понеделник до петок од 07.00– 20.00 часот.

Во магацинот работат вкупно 78 лица. Магацинскиот комплекс на Нептун обезбедува пријатни услови за работа на вработените, кои на располагање имаат кујна, соблекувални, тоалети со туш кабини и современо уредени канцеларии.

Внатрешниот простор е опремен со современи сталажи организирани по продуктни категории, а движењето е целосно автоматизирано. Доставата, растоварањето и товарањето се максимално автоматизирани.

Во однос на надворешното уредување, планирано е хортикултурно уредување на околината и садење на 60 елки. Во план е овој објект да стане комплекс кој ќе ја обедини работата на Магацинот, Шпедицијата и Јавниот царински склад.

Малопродажната мрежа Нептун веќе 18 години е присутна на македонскиот пазар. Во моментов е застапена со 22 продажни места во 18 градови во Македонија. Последната продавница Нептун ја отвори во Чаир.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Прв танц на дожд: Започна свадбената церемонија на Мартин од Некст Тајм и ракометарката Андреа (фото... Мартин Филиповски вечерва (24.06) со ракометарката Андреа прави свадба, откако н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg