Која е твојата добра навика?

Англиски поет има кажано: “Прво ние ги стекнуваме своите навики, а потоа нашите навики нè стекнуваат нас”.

koja-e-tvojata-dobra-navika-01.jpg

Кога нешто повторуваме секојдневно, поттикнуваме моќна машина која се она што го правиме го претвора во навика. Кога веќе нешто ќе ни стане навика, добива статус на непроменливост, едноставно станува сенка на нашиот идентитет и јака сила која го ткае нашето време! Навиките кои ги имаме не е можно да ги избегнеме, затоа секогаш е возможно да воведеме нови, такви кои постепено ќе ги сменат старите.

Време е за создавање на нови навики, слободно, бидете пребирливи!

УТРО

Доколку се разбудите само половина час порано, вашето утро нема да биде растргнато помеѓу гледањето на часовник и облекувањето додека истовремено ги завршувате хигиенските обврски.

Преубаво е чувството кога утринското кафе можете да го испиете гледајќи низ прозорец додека опуштено се расонувате и се подготвувате за денот кој ве очекува.

Не морате да бидете љубител на вежбање, меѓутоа кога ќе завршите со вашоит ритуал за утринско кафе, истегнете се!

Помислете на едно нешто што би сакале да го доживеете тој ден, замислете си го чувството кое би ве облеало ако тоа Ви се исполни. Не замислувајте ги секојдневните обврски и успешни проекти, само...замислете нешто слатко, посебно, нешто толку пријатно што ви е на дофат на дланките.

Потоа, откако ќе дозволите утрото да ве погали со насмевка, во блендер ставете овесни снегулки што ги имате потопено со Полимарк напиток од соја. Земете си бадеми и овошје и како доручек ќе го добиете најубавиот шејк, Вашиот извор на енергија за убаво утро.

ДЕН

Ако посветите малку внимание, ќе забележите дека е многу полесно да разговарате со позитивни и насмеани луѓе. Тоа е нешто што е обострано! Сигурно повеќе пати е тешко да се смееме доколку ништо не ни е смешно или ако не чувствуваме некоја посебна радост, ама, насмевката има моќ да се шири, да се развива самата! Пробајте, ајде, насмејте се иако не Ви се смее!

Сега, обидете се, дајте се од себе да направите разлика помеѓу она што е итно и она што е важно. Не сѐ што делува итно, навистина е такво. Еднаш кога ќе успеете да направите баланс, кога ќе ги поставите нештата по вистинскиот редослед на важност, ќе здивнете со олеснување.

А кога ќе вдишите длабоко, кога ќе ги наполните градите со мир, време е да ве обземе мирис на тазе сварено кафе. Убаво е кога кафето има посебен мирис- ставете во него неколку капки Полимарк напиток од соја и на миг, оттргнете се во некоја своја школка, нека Ве обземе, препуштете се целосно на преубавата арома. Нека биде тој миг посебен, миг во кој ќе одлучите дека е важно да уживате секојдневно во малите нешта.

Со новата енергија, време е да бидете проактивни. Што тоа во суштина значи? Проактивноста може да се доживее како претерана активност, обврска која и претходи на некоја друга, на крај, иако може да се сфати како нешто напорно, тоа всушност е добивање иницијатива и превземање одговорност за истата! Направете иницијатива за создавање на добри навики!

ВЕЧЕР

Време за себе и се она што ве исполнува и ви значи. Ако е тоа јога тренинг на кој ќе го испразните умот и ќе го исчистите своето тело, во тој случај претходно почести се Полимарк напиток од соја кој ќе ви ги обезбеди потребните протеини.

Ако уживате во времето кое го поминувате со вашите најмили, пронајдете нешто што ќе можете заедно да го направите, парче картон и фломастери се доволни за создавање на спомени!

Пред да легнете, премотајте го денот во својата глава, така најубаво ќе почувствувате она што треба да го повторите и утре, и што е најдобро да избегувате!

Не заборавајте се она што прави да се чувствуваме добро, лесно станува наша навика!

Добрите навики секогаш ни носат среќа и не мотивираат за се она што сакаме и треба да го направиме!

Вкусен доручек, тренинг кој ни дава енергија, уживање во кафето со пријателите и опуштање со најмилите. Сите тие моменти се бесценети. Во Вашите посебни мигови, капка магија нека ви дадат Полимарк напитоците од соја, Класик и Ванила.

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg