70 деца со флеш-моб ја одбележаа 70-годишнината на УНИЦЕФ за секое дете

СКОПЈЕ, 10 декември 2016 година – Денеска, купувачите во „Скопје сити мол“ беа изненадени кога 70 деца изведоа пред нив флеш-моб со песни за надеж, за да ја одбележат 70-годишнината на УНИЦЕФ. Пеејќи ја „Имеџин“ на Џон Ленон и „За овој свет“ на Тоше Проески - песна напишана за УНИЦЕФ во 2004 година - децата оддадоа почит на постојаната надеж што УНИЦЕФ им ја носи на децата низ целиот свет.

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-5.jpg

„УНИЦЕФ е основан по Втората светска војна за да донесе помош и надеж за сите деца што имаа потреба од помош - без оглед на тоа во која земја живееја или каква улога таа земја одигра во војната“, изјави заменик-претставникот на УНИЦЕФ, г-ѓа Елспет Ериксон. „Децата од оваа земја беа меѓу првите што добија хуманитарна помош во 1947 година, кога УНИЦЕФ ја достави најголемата пратка на млеко во повоена Европа“.

Со ненадејниот перформанс во „Скопје сити мол“ официјално беше отворена изложбата која ја раскажува приказната за поддршката на УНИЦЕФ за децата, заедно со „Малите приказни“ на тема „Што сакам за секое дете“ напишани од домашни и меѓународни автори. Во текот на денот, купувачите беа вклучени и во активности за искажување на своите надежи за секое дете.

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-2.jpg

Иако ја отвори својата сегашна канцеларија во Скопје во 1993 година, УНИЦЕФ уште во првите денови од своето создавање пружаше помош за децата во нашата земја:

  • Првата пратка на УНИЦЕФ со облека, обувки, сапун и други итни производи, во август 1947 година, беше всушност за децата на Југославија.
  • Во 50-тите години, УНИЦЕФ работеше со владата на Југославија на подобрување на снабдувањето со млеко. УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млеко  - како резултат на тоа, безбедно полномасно млеко им беше обезбедено бесплатно или по многу ниска цена на повеќе од 800.000 деца и мајки.
  • Во 1957 година, УНИЦЕФ го иницираше формирањето на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје. Во тоа време, стапката на смртност кај децата беше висока и изнесуваше 138,6 на илјада живородени деца.
  • Во 1963 година, УНИЦЕФ ги поддржа напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје.
  • Во 1993 година, УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на ОН што отвори канцеларија во земјата по нејзината независност. Оттогаш УНИЦЕФ е меѓу првите кои обезбедуваат хуманитарна помош во време на криза и работи со партнерите за да обезбеди сите деца да уживаат во правото на опстанок и напредување, правото да учат и да пораснат здрави и безбедни.

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-3.jpg

„Во последниве неколку децении, заедно со владините партнери, донаторите, посветените застапници и поддржувачи постигнавме импресивен напредок за децата. Сепак, многу деца се изоставени само поради тоа каде живеат, поради социјалната положба на нивното семејство, етничката припадност или попреченоста“, продолжи г-ѓа Ериксон. „Сега, повеќе од кога било, сите ние мора да се насочиме кон ставање на најмаргинализираните деца во преден план, за да оствариме резултати за секое дете“.

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-9.jpg

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-1_copy.jpg

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-4.jpg

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-6.jpg

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-7.jpg

70-deca-so-flesh-mob-ja-odbelezaa-70godisninata-na-unicef-za-sekoe-dete-8.jpg

За повеќе информации за УНИЦЕФ и неговата работа во земјата, посетете ја страницата www.unicef.mk

Следете нè на Twitter и Facebook.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg