Нокаут ја стартуваа јубилејната турнеја со настап во Станица 26

Само неколку стотици фанови, пријатели и новинари ја имаа привилегијата да присуствуваат на интимниот целовечерен концерт на НОКАУТ во Станица 26, со кој и официјално групата го означи стартот на турнејата низ Македонија во чест на 20-от роденден на бендот. Можеби поминаа две децении, но НОКАУТ сè уште звучат свежо и актуелно, барем таков беше впечатокот на оние кои беа дел од публиката во познатиот клуб во Скопје.

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-01.jpg

Поддршка на сцената добија и од долгогодишниот пријател и соработник, Игор Џамбазов, кој настапи заедно со Гуру Харе. Енергични, разиграни, расположени и компактни, НОКАУТ уште еднаш покажаа зошто важат за бенд кој 20 години промовира квалитетна македонска музика и е популарен кај сите генерации.

Истата вечер, на концертот му претходеше средба со новинарите, на која освен стартот на турнејата беше промовиран и новиот веб сајт nokaut.mk, кој има и своја англиска верзија, а во план е да биде преведен и на шпански. Ако на последниот концерт во Борис Трајковски, НОКАУТ ѝ укажаа почит на публиката со тоа што токму неа ја прогласија за единствениот гостин на вечерта, овој пат одлучија повторно фановите да бидат во центарот на вниманието. Имено, честа да ја отвори дружбата со новинарите и ја препуштија на еден од своите најверни фанови, Мартина, која речиси и да нема пропуштено нивни настап во Скопје. Обраќајќи им се на новинарите и секако на бендот, Мартина многу искрено и со силни емоции го пренесе чувството што значи тоа да се биде фан на НОКАУТ. Следна на сцената се качи Весна Петрушевска, претставувајќи се себеси како “најстариот” фан на Нокаут, кои ги следи и почитува уште од самиот почеток.

Во, само за неа препознатлив стил, Весна искрено и со многу емоции ја пренесе својата љубов и почит кон бендот, посакувајќи им уште многу успешни креативни години. На медиумите им се обрати и фронтменот на НОКАУТ, Никола Перевски-Пере заблагодарувајќи им се на сите кои случајно или намерно станале дел од нокаутовската приказна. Кажа збор - два и за новиот онлајн дом на НОКАУТ, веб сајтот nokaut.mk креиран од маркетинг агенцијата Sign Up. “Драго ни е што и после 20 години се шт го привлекуваме вашето внимание.

А, не би биле тука исиве овие години доколку не беа нашите фанови, нашите најблиски, соработниците и секако медиумите кои секогаш наоѓаат простор за нас”, потенцираше Пере. Јубилејната турнеја, на која на НОКАУТ специјални гости ќе им бидат Игор Џамбазов и Гуру Харе, ќе ги опфати повеќето поголеми градови низ Македонија, а како најмагични сцени ги издвојуваат Амфитеатарот во Охрид и Хераклеа во Битола.

На паузите помеѓу концертите, НОКАУТ активно ќе работат на новиот, четврти по ред албум, на кој бендот ја обнови соработката со екипата од првиот албум, Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц, а најавена е и песна со Гуру Харе. Она што фановите и сите љубители на македонска авторска музика можат да го очекуваат е едно музичко пакетче од емоции, страст, љубов, животни приказни прераскажани преку различни ритами и хармонии.

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-1.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-2.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-3.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-4.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-5.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-6.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-7.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-8.jpg

nokaut-ja-startuvaa-jubilejnata-turneja-so-nastap-vo-stanica-26-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg