Убавина која не се опишува со зборови: искачување на Јелак, Шар Планина

Новото Планинарско-еколошко друштво „Gardians of Nature - I Love Hiking group Macedonia“ изминатата недела под мотото #ИзлезиИДиши на Шар Планина во посета на Јелак и Јелачки Црн врв 1873m надморска височина, донесе голема група на учесници. Бројката на планинари достигна скоро стотина, од почетници до професионалци, меѓу кои најмалиот учесник имаше само девет години.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-5.jpg

Турата започна од местото Попова Шапка каде поголем дел се движевме по колски пат односно пат направен од ратрак. Времето утрото на почетната точка беше магливо и тмурно иако бевме на висина од скоро 1700m надморска височина. Но, тоа не внесе негативна енергија кај учесниците, бидејќи знаевме дека со самото искачување погоре не чека излез од еден и влез во друг свет на природата, со чисто небо, силно сонце и раскошни пејзажи од убавата Шар Планина.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-1.jpg

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-6.jpg

Убавините и магијата на Шара нема човек кој може да ги опее, нема човек кој ќе се нафати да ја скроти макар и со збор Шара, а камо ли напише и опише. Се пешачеше малку повеќе од 2,5 часа во еден правец поради мекиот снег кој го имаше апсолутно насекаде. Движењето беше низ прекрасна шума од ели со многу снег на нив - вистинска зимска идила.

Крајната цел беше Јелачки Црн Врв 1873m надморска височина на кој мал дел од групата не се искачи. Тие што дојдоа до врвот на едноставен начин им беше кажано: еве зошто доаѓате тука, ајде пуштете го погледот! Нека ве носи до бескрај и не трепнувајте, уживајте и радувајте се! И се така, до бескрај со неа.

Турата беше претходно добро организирана и координирана од тимот на „I Love Hiking - group Macedonia“, немаше несакани инциденти и се заврши во посакуваната насока предвидена од тимот.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-2.jpg

На следниот ЛИНК ќе може да ги погледнете сликите од оваа прекрасна тура организирана од „I Love Hiking - group Macedonia“.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-7.jpg

Иницијатива #ИзлезиИДиши е за обичниот човек кој со сите свои работни обврски, модерниот начин на живот, буквално е затворен меѓу четири ѕидови. Со самото тоа забораваме правилно да дишеме. А да не зборуваме за загаденоста на воздухот и размената на сите видови вируси овој период.

#ИзлезиИДиши воедно е и мерка против загаденоста во Скопје и другите поголеми градови.

Чистиот воздух го имаме на нашите планини – кои се ⅔-ни од нашата земја.

#ИзлезиИДиши се кратки мали тури каде се сите поканети на рекреација и запознавање како со нас така и со природата.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-01.jpg

Нашата дружба е горе, на отворено, во природа. А, дружбата на отворено и во природа е најздравата работа што можете да си ја дозволите.

Додека ги правиме овие тури во нив имплементираме и тури за поискусни, на кои планината им е веќе како втор дом. Така сите заедно поминуваме еден до два дена во неделата. Препреки нема, освен опремата која понекогаш е неопходна, ама во пролетниот и летниот период е потребна само желба.

Повелете контактирајте нè и дојдете на една дружба на отворено и во природа.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-3_copy.jpg

Воедно, сакаме да ве поканиме и на нашата следна средба на планина Шар Планина- врв Љуботен. Турата ќе се одржи на 19-ти февруари и повеќе информации можете да добиете на следниот ЛИНК.

И секако, турата за почетници која ќе биде на Бесна Кобила во Србија на 26-ти февруари. Повеќе информации за оваа тура ќе добиете наскоро.

ubavina-koja-ne-se-opishuva-so-zborovi-iskacuvanje-na-jelak-shar-planina-4_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Биг Мама славеше роденден: Фрлаше пари на музичарите, дуваше свеќички на црно-сребрена торта Една од најпопуларните водителки кај нас, Биг Мама, направи роденденска забава з...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Сања Ристиќ се пофали со новиот пирс посветен на Перо Антиќ: „Го живееме најубавиот живот“ „Уживам во животот со Сања Ристиќ“, напиша Перо Антиќ, а неговата девојка, пак, ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg