Атлантик Група доминира на скалата на најсилни регионални брендови

Резултатите од истражувањето на Валикон, „Топ 25 регионални брендови во 2016 година“, покажа дека со четири сопствени и два дистрибутивни бренда, Атлантик Група е компанија со најголем број на водечки брендови во регионот.

atlantik-grupa-dominira-na-skalata-na-najsilni-regionalni-brendovi-01.jpeg

Благодарение на својата долга традиција и континуиран развој во согласност со современите стандарди, Цедевита, Аргета, Смоки и Кокта убедливо доминираат меѓу 10-те најсилни брендови веќе неколку години.

Во 2016 година, Цедевита доби нов редизајн, бренд екстензија и активирање во сите канали што и го овозможи 3-тото највисоко место досега, кое исто така е највисоко и меѓу брендовите на Атлантик оваа година. И покрај притисоците од сите страни, Аргета обезбеди пласман од  5-то место успешно задржувајќи ја својата позиција во рамките на првите пет. Веднаш зад Аргета, на 6-то место се Смоки, а Кокта го чува 8-то место исто како минатата година. Ефикасната синергија на дистрибуцијата на Атлантик и принципалите на Вригли се рефлектираше во висока поставеност на брендовите Орбит и Ервејвс, кои преку заеднички напори на овие две екипи успешно го наоѓаат својот пат до потрошувачите во регионот.

Индивидуални пазари

Во Словенија, Баркафе, како единствен бренд на кафе кој има водечка позиција во земјата, покажа извонреден успех. Цедевита се наоѓа на третото место, Аргета на петото, додека Кокта е рангирана на осмото место. Особено сме горди на фактот дека оваа година функционалната минерална вода Донат Мг, исто така, е меѓу првите 10.

Во Хрватска, Цедевита го повтори својот успех, со освојување на третото место на ранг-листата. Смоки ја држи оваа позиција во Србија. Брендот „Најлепше жеље “е на одличната деветта позиција, како единствен бренд на чоколадо со потекло од регионот, на овој начин покажувајќи ја својата позиција меѓу најсилните брендови на регионален пазар, натпреварувајќи се рамо до рамо со меѓународната конкуренција.

Аргета е убедливо најсилниот бренд во Македонија и Босна и Херцеговина и единствениот бренд кој ја држи топ позицијата во двете земји. Цедевита во Босна е рангирана на четвртото место, додека Смоки е на 10-тото место.  Покрај сопствените брендови, трговската марка од принципалите, Орбит,  е рангиран меѓу првите 10 во Македонија и БиХ, односно на деветото место  на двата пазари.

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д...
„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg