Станбено осигурување за 1 денар дневно од Еуролинк

Скопје, 11 април 2017г. - По повод одбележувањето на својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк осигурување лансира специјална промотивна понуда на својот веќе добро познат продукт за станбено осигурување – Доми Комплет.  Најпродаваниот производ на оваа осигурителна компанија се продава по уникатна цена, односно за 365 денари годишно за првата година на осигурувањето. Оваа привилегирана понуда следува со потпишување на тригодишен договор за лојалност, a се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го обноват својот договор со Еуролинк осигурување.

stanbeno-osiguruvanje-za-1-denar-dnevno-od-eurolink-01.jpg

Со одбирање на Доми Комплет на Еуролинк, клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање на вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија, паѓање на летала и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоци за нужно сместување.

Дополнително, овој продукт бесплатно нуди уникатни покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.
Со склучување на договор за лојалност на три години со Еуролинк, Доми комплетот во првата година на осигурување чини 365 денари или 1 денар на ден, а втора и третата година на осигурување чинат 2.400 денари годишно или 200 денари месечно.
Доми Комплет пакетите за станбено осигурување гарантираат функционалност на домот и обезбедуваат континуитет на комфорот на семејствата наспроти ризиците на кои тие секојдневно се изложени.

Со оваа атрактивна цена на станбеното осигурување Доми Комплет од 1 денар на ден, Еуролинк осигурување ја потенцира својата 15-годишна стратегија насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи. 

Повеќе информации клентите може да добијат на интернет страната  или на телефонскиот број 02/15 888.

Би можело да ве интересира:

Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Антониа Гиговска ужива во првите денови со синот Киан: „Колаче мое“ „Таткото уморен“, вели пејачката Антониа Гиговска, која покажа како ги поминува ...
Лежалка со кафе 130 денари, хамбургер од 160 денари нагоре: Како се движат цените во Дојран оваа сез... Од 50 денари за турско кафе до 150 денари за палачинки... Какви се цените на хра...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg