Северина лебди на меурчињата на љубовта на „Пелистерка“

Волшебните меурчиња на „Пелистерка“ ја подигнаа хрватската поп-ѕвезда Северина над Шибеник. Заедно со шармантниот придружник, летаат над покривите на стариот град и препознатливите улици на хрватското приморско место.

severina-lebdi-na-meurcinja-na-ljubovta-na-pelisterka-3.jpg

Ова се дел од кадрите од новиот промотивен спот за минералната вода „Пелистерка“, чие заштитно лице е популарната пејачка. Симпатичното видео со брканицата на Северина и нејзиниот партнер, за најпознатиот бренд за вода од Македонија, веќе се емитува на нашите телевизиски канали, а наскоро ќе биде прикажан и на повеќе популарни телевизии од регионот.    

Спотот за газираната вода „Пелистерка“ беше сниман кон крајот од минатата година во хрватскиот град Шибеник, на истите локации кои фановите на популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ лесно ќе ги препознаат.

severina-lebdi-na-meurcinja-na-ljubovta-na-pelisterka-1.jpg

Освен што „лета“, Северина во спотот покажува и завидни каскадерски вештини.

- Ова ми беше едно од поубавите снимања. Кога ќе се сконцентрирате на тоа што го работите и сакате да биде добро, тогаш ништо не е премногу тешко. Во воздух беше прекрасно, бев поблиску до сонцето. Јас ретко пијам газирани пијалоци, но навистина сакам да пијам „пелистерка“. Ми ја гаси жедта и сум среќна што рекламирам пијалак кој навистина ми се допаѓа – изјави Северина по снимањето на спотот.  

Нејзин партнер во спотот е Антонио Лујак, хрватски топ модел и актер кој живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Пред да снима со Северина, Лујак работел на модни едиторијали со многу познати лица, меѓу кои и со Ева Лонгорија.

severina-lebdi-na-meurcinja-na-ljubovta-na-pelisterka-2.jpg

Спотот на „Пелистерка“ е креативно решение на маркетинг агенцијата Њу Момент – Скопје и на неговата реализација работеше врвна интернационална екипа од Македонија, Хрватска и Словенија. Режисер на спотот е Невио Марасовиќ, извршен продицент е Миа Печина, директор на фотографија е Свен Пепеоник, а за координација на каскадерите беше задолжен познатиот каскадер Рок Цветков, Македонец кој долги години работи за холивудските ѕвезди.

- Снимањето на спотот беше напорно за целата екипа, но на крај добивме уникатен и неверојатно интересен производ од кој сите сме презадоволни. Северина е вистински професионалец кога станува збор за работа и навистина сме среќни што е дел од тимот на „Пелистерка“. Освен што е неверојатно професионална, таа е поим за моќна убавина, уникатен стил и непресушна енергија, карактеристики кои што се препознатливи за нашата вода. Токму затоа и ја избарвме за наше заштитно лице – изјавија од менаџерскиот тим на „Пелистерка“.

Една од најголемите и најмодерните фабрики за вода на Балканот, на компанијата Пелистерка, веќе на големо ја извезува препознатливата македонска вода на пазарите во Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. Пелистерка важи за пионерот во атрактивните промоции со познати женски личности од јавниот живот во Македонија, а таа стратегија ја продолжува и со Северина. Засилени со популарната пејачка, од „Пелистерка“ за годинава најавуваат интензивни и интересни активности.

severina-lebdi-na-meurcinja-na-ljubovta-na-pelisterka-4.jpg

Рекламниот спот на „Пелистерка“ со Северина може да го погледнете на овој линк.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg