Поддржете ја активноста на Orbit кој оваа година подарува илјадници детски насмевки

Оваа година за прв пат во Македонија компанијата Марс Оверсис Холдингс Претставништво Скопје, ја спроведува акцијата“Orbit подарува насмевка” со цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на оралната хигиена, како и превенција од појава на кариес на најмала возраст, со што ќе се изградат нивните здрави навики и ќе се подобри општата состојба на оралното здравје.

poddrzete-ja-aktivnosta-na-orbit-koj-ovaa-godina-podaruva-iljadnici-detski-nasmevki-1.jpg

Проектот е од глобален карактер и секоја година бројот на земји учеснички се зголемува, а постигнатите резултати се извонредни, посебно во делот на подигнување на свесноста за оралната хигиена кај децата, а преку нив и кај возрасните.

Orbit авантурата ќе се реализира во 2 фази, првата започнува на 1ви мај и трае сѐ до 30ти јуни и во неа сите граѓани, со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање ќе допринесат во поголема покриеност на проектот.

Со почетокот на новата учебна година, започнува и втората фаза во која Orbit караванот ќе ја започне обиколката на училиштата низ земјата. Низ игра и забава, многу сликовито стручниот стоматолошки тим ќе ги едуцира децата за потребата од одржување  на оралната хигиена и нејзиното секојдневно правилно имплементирање.

Orbit караванот ќе биде интересен и полн изненадувања, а од него децата на забавен начин ќе научат зошто и како треба да се грижат за своите заби.

Проектот е поддржан од Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години во Македонија.

Најубаво е кога децата се смеат, а уште поубаво е кога насмевката има здрави заби!

Заедно за здрава детска насмевка.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg