Кампер возило како главна награда во ГОЛЕМАТА НАГРАДНА ИГРА на Скопско

Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата што ја затекнавме на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје.

vo-novata-reklama-za-skopsko-se-upotrebija-nad-60-000-kapacinja-od-pivo-1.jpg

Импресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.

Стотина раце како на забрзана снимка ги редеа капачињата кои покажаа испис: Голема наградна игра на Скопско и број на телефон 14 33 7.

Со капачињата беа најавени возбудливите награди; камп возило Волксњаген Цалифорниа Беацх РВ и автомобил Волксњаген Поло, како и останатите награди што ќе бидат доделени.

Забавна глетка и супер искуство, барем за сите нас кои од страна го следевме снимањето. Навистина уживавме!

vo-novata-reklama-za-skopsko-se-upotrebija-nad-60-000-kapacinja-od-pivo-2.jpg

Во наградната игра може да се учествува со капачиња на Скопско, Скопско Смут и Скопско Радлер од 0.33 л и 0.5 л во стаклена амбалажа, кои на внатрешната страна имаат единствен код кој треба да се испрати на телефонскиот број 14  33 7, а цената на една СМС порака е 5,9 денари со ДДВ.

Наградната игра трае 8 недели, од 9 април до 4 јуни, со главно извлекување на 5 јуни. Секој час се извлекуваат добитници на СКОПСКО мултипак. Секој ден се извлекуваат добитници за пикник маса и сет за скара, а еднаш неделно се извлекува добитник на рачно фудбалче.

vo-novata-reklama-za-skopsko-se-upotrebija-nad-60-000-kapacinja-od-pivo-3.jpg

Сите потребни и дополнителни информации можете да ги најдете на веб страницата www.skopskozanas.mk

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg