Чувството кога по третпат си избран за STUBRAND – CRNOBELO.com премиум STUBRAND за 2017


Чувството кога по третпат си избран за STUBRAND – CRNOBELO.com премиум STUBRAND за 2017

Со големо задоволство сакаме да споделиме дека годинава, трета година по ред сме број еден сајт во Македонија и единствен PREMIUM STUBRAND во својата категорија според мислењето на студентите и младите лица од 19-27 години.

cuvstvoto-koga-po-tret-pat-si-izbran-za-stubrand-crnobelo-e-premium-stubrand-za-2017.jpg

Во овогодинешното истражување учествуваа 1.054 студенти од сите универзитети во Македонија.

Според регионалниот директор на STUBRAND, д-р Виктор Ѓорѓиески, ова трето признание за CRNOBELO.com е само потврда за посветеноста и професионализмот на креаторите на сајтот. Тој вели:

„Фактот што токму сајтот CRNOBELO.com кој е лајфстајл сајт е трета година по ред број еден избор на студентите укажува на тоа дека младите во Македонија знаат да препознаат квалитетни и корисни содржини. Студентите се најискрената група граѓани и токму поради тоа креаторите на брендот CRNOBELO.com треба да се горди на нивниот успех.“

И навистина сме горди. Кога ни соопштија за наградата си рековме: „Изгледа навистина ги правиме работиве како што треба“.

Убаво е чувството кога добиваме вакви признанија кои се искрени и реални и кои ни даваат мотивација да продолжиме да го правиме она што го сакаме.

Убаво е кога ти се цени трудот и енергијата која секојдневно ја вложуваш во работењето.

Ние продолжуваме понатаму, некако стануваме посесивни за наградава, ќе се трудиме да си ја добиеме и догодина :-)

Ви благодариме дечки и девојки, заедно можеме да си го направиме секој ден поубав!

Тимот на CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Tonino Lamborghini за идеална кафе-пауза Што ја прави една кафе-пауза идеална? Се разбира, кафето, го има тој смирувачки,...
Фанк Шуи: Музиката е најдоброто нешто на светот! Лука, Давид и Мики се другари што свират музика без жанр, уште од 2010 година, з...
RED BULL DOODLE ART / 2017 / MACEDONIA / SKOPJE - Гласај за најдобрата... Студентите во Македонија по вторпат добија можност да го искажат своето чкртачко...