Светското финале во чкртање го доби својот македонски претставник!

Преку илјада талентирани чкртачи од сите краеви на Македонија учествуваа во проектот наречен Red Bull Doodle Art, кој по втор пат ги обедини студентите од целиот свет кои уживаат да цртаат додека фокусот на мислите им е на сосема друго место. Меѓу десетте финалисти, жирито го одбра Тимислав Акимовски да биде претставник во светското финале.

svetskoto-finale-vo-ckrtanje-go-dobi-svojot-makedonski-pretstavnik-001.jpg

СКОПЈЕ,- Откако сите пријавени ги обелоденија своите трудови преку платформата публиката ја направи првата селекција, по што стручното жири ги оценуваше трудовите на финалистите. Респектирајќи го чкртањето како универзална навика во која нема правила и ограничувања, туку истата се смета за слобода на изразување, македонското жири во состав Иван Петрушевски, Давид Ристевски - Dreadpen и Д-р Ангелина Поповска го прогласи Томислав Акимовски за победник на македонското натпреварување. Тој ќе биде дел од глобалното финале во кое ќе има претставници од преку 40 земји, селектирани од вкупната бројка на 50 илјади учесници од 1.000 универзитети.

Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 ќе се случува по втор пат и ќе претставува возбудливо финале, искуство на виртуелната реалност. Претходно, ќе добијат шанса да ги подобрат своите уметнички вештини со цртање во три дименизии (3D) преку соодветен тренинг, за на крајот да го креираат и своето завршно уметничко дело чкртајќи во 3D. Финалното ремек дело ќе биде изложено во виртуелната галерија каде што љубителите на уметноста во целост ќе можат да го доживеат чртањето од целиот свет во виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел. На првото светско финале во Кејптаун, Јужна Африка, од Македонија учествуваше Матеј Тодоровски, студент од Архитектонскиот факултет во Скопје.

svetskoto-finale-vo-ckrtanje-go-dobi-svojot-makedonski-pretstavnik-2.jpg

Годинешниов победник Томислав Акимовски студира токму на Факултетот за ликовни уметности, но наспроти обидите на организаторите да ги анимираат учесниците да се пријават преку своите образовни институции, тој подлегнал на „заканите“ од неговата девојка која инсистирала тој да се пријави.

- Бидејќи никогаш не се пријавувам на ништо, одбивав многу долго. Но таа во ниту еден момент не се откажа да ме поддржува и да ме мотивира, се додека не се пријавив. Кога победив, ми беше лута дека воопшто не ѝ верував дека ќе влезам во финале, а камо ли да победам! Моите најблиски пак изреагираа како да ме испраќаат на Олимпијада. Ми се јавија сите роднини да ми честитаат, беше тоа еден забавен период од една седмица.

Томислав за себе вели дека навистина е посветен на чкртањето и дека „за некој месец ќе слави 24-годишнина со неговата склоност за чкртање“, која се развила кога се запознал со мрсните боички.

- Од претходните натпревари го видов само цртежот на победникот од Индија во 2014 година, а од оваа година секој ден следев на страната и ги разгледував сите пријавени. Има доста талентирани учесници, и меѓу победниците и меѓу оние кои не влегоа ни во финале. Поголемиот дел од натпреварувачите имаат некоја одредена идеја како еден „doodle“ би требало да изгледа, и дека треба да е многу детално направено, ама генерално мислам дека сите сме доста различни во размислувањата и презентацијата на нашите идеи.

svetskoto-finale-vo-ckrtanje-go-dobi-svojot-makedonski-pretstavnik-1.jpg

На темата околу учеството во финалето, Томсилав знае дека нема да оди со готова идеја, но од друга страна многу се радува на тренингот за 3D.

- Курсот за цртање 3D/VR е закон! Инаку често прашање кое се врти во последно време е дали кога цртам „doodles“ или чкртаници по наше, имам тема или цел?  Мене реално „doodle“ ми е нешто што сум го правел цел живот и ќе го правам цело време кога правам паузи помеѓу обврски или гледам филм или присуствувам на некој час каде што не сум најомилен кај професорот/ката, конкретно бидејќи „чкртам“ и уништувам прекрасни, чисти учебници. Што значи, не, немам конкретна тема и нема да имам. Бидејќи ако сакам да работам на одредена тема, во тој случај би размислувал како ќе го организирам просторот, како и каде ќе ми се поставени одредени елементи на цртежот и тоа веќе нема да е „doodle“ (чкртаница).

Без оглед на исходот на глобалното финале, Томислав најави изложба на трудови инспирирани од сопствениот победнички цртеж.

- Сакам да ја направам изложбата бидејќи мислам дека ќе мотивира многу други да го сфатат ова посериозно и да видат дека има иднина ако правиш нешто што сакаш, без разлика дали целиот свет и професорката ти викаат дека ќе останеш неписмен ако продолжиш да црташ. 

Скромниот уметник од Битола за своите чкртаници вели дека се само еден дел од неговите екстремни потфати во кариерата. Ова се први позитивни моменти за него со Red Bull, енергетски пијалок што тој го знаел преку другар му Шули, „а пие Ред Бул откако знам за него“. Иако во овој излез кон медиумите неговите мисли беа насочени и кон сите сограѓани од Битола што ја делат неговата љубов и се занимаваат со екстремни спортови, сепак тој „позајмува крилја“ од сите, почнувајќи од девојката и семејството, а потоа и од сите познаници.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg