Куќичка на задоволства од 216 пакувања чоколадно млеко

Детската имагинација е без граници. Таа е непресушен извор на креативни идеи и едноставност, а кога доаѓа до нејзина реализација, преминува во уметност и уникатно дело, преполно задоволства и за децата и за возрасните.

kukjicka-na-zadovolstva-od-2016-pakuvanja-cokoladno-mleko-01.jpeg

Речиси не постои дете кое нема своја замислена куќичка во домот, место каде што се чувствува најбезбедно и кое е негово катче за игра, без разлика дали таа импровизирана куќичка е од мебел или е, можеби, направена од омилените предмети.

Така, на пример, Андреј и Јована Чапкуноски од Прилеп со помош на своите родители Мартина и Марјан ја направиле својата куќичка на задоволствата „Моја Кравица”. За Андреј и Јована дознавме дека се навистина големи љубители на чоколадното млеко, но родителите признаа дека и тие подеднакво уживаат во него, заедно со своите најмили.

Големата љубов кон неодоливиот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко на „Моја Кравица” започнува пред неколку години и оттогаш љубовта (и количеството, се разбира) сè повеќе и повеќе се зголемува.

„Целата приказна почна кога на Андреј му дојде времето да пие млеко. Уште од најрана возраст омилена напивка му беше чоколадното млеко, и тоа не кое било, туку „Моја Кравица“. Од првата голтка „Моја Кравица“, Андреј не можеше да си замисли ден без чоколадно млекце. Дури го купуваме и за во градинка. Тој малку се издвојува од останатите деца, бидејќи тие пијат обично бело млеко, но тој останува лојален на омиленото чоколадно млеко”, раскажува со насмевка Мартина.

„Потоа се роди Јована, па кога дојде време и таа да почне да пие млеко, се соочивме со истата ситуација како со Андреј. И нејзе омилено ѝ беше чоколадното млеко на „Моја Кравица”. Сме се обиделе и со други, но двајцата го разликуваат вкусот“, додава Мартина.

kukjicka-na-zadovolstva-od-2016-pakuvanja-cokoladno-mleko-02.jpg

Инспирацијата за ова ремек-дело се родила многу спонтано, кога пакувањата од „Моја Кравица“ почнале сè повеќе и повеќе да се трупаат. Така, за изработка на куќичката употребиле неверојатни 216 тетрапак пакувања и едно шишенце за оџакот, а велат дека најмалку уште толку фрлиле.

„Доаѓаме до тоа од каде е идејата. Прво ги фрлав пакувањата. Да ги собирав од почетокот досега, ќе можеше зграда да се изгради (се смее). Идејата се роди некаде во октомври и првата замисла беше да се направи камин, од каде што Дедо Мраз ќе може да ги донесе подароците за Андреј и за Јована. Но тоа не го реализиравме, а пакувањата секојдневно се собираа. Пред сè, тетрапак-амбалажите, а потоа и шишињата. Како што минуваа месеците, така сè повеќе се инспириравме и конечно пролетта решивме да направиме „чоко-куќичка“ во која ќе може децата да си играат кога е топло. И така ја направивме. Вредните раце на Андреј и Јована, со помош на мама и тато, изградија куќа”, вели Мартина.

Семејството Чапкуноски веќе работи и на својот следен проект. Велат, следното ќе биде замок од шишиња „Моја Кравица” за принцот Андреј и принцезата Јована.

kukjicka-na-zadovolstva-od-2016-pakuvanja-cokoladno-mleko-03.jpeg

Секако, Бимилк несебично ќе помогне во реализација на оваа уникатна и креативна идеја, а во меѓувреме малите Андреј и Јована ќе продолжат со консумирање на својот омилен бренд.

Тие знаат дека чоколадното млеко „Моја Кравица” е идеалното решение за внесување на потребното количество витамини и хранливи состојки кои се неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот. Тоа содржи калциум, кој е потребен за растот на коските, но и витамин Де и протеини потребни за правилно градење и сврзување на ткивата.

Но и покрај сите предности, можеби е најважно дека чоколадното млеко „Моја Кравица“ го буди детето во секого од нас. Несомнено го разбудило кај семејството Чапкуноски од Прилеп, па којзнае, можеби ќе инспирира и други љубители на неодоливиот чоколаден вкус да создадат свое уникатно дело.

kukjicka-na-zadovolstva-od-2016-pakuvanja-cokoladno-mleko-04.jpeg

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg