Ова лето Семејно приватно здравствено осигурување со една месечна рата бесплатно

ova-leto-semejno-privatno-zdravstveno-osiguruvanje-so-edna-mesechna-rata-besplatno-01.jpg 

Скопје, 19 јули 2017 г. – Во годината кога го слави својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк Осигурување нуди ексклузивна можност за клиентите ова лето да го купат семејното приватно здравствено осигурување со попуст, односно да добијат една месечна рата бесплатно. Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства во приватните здравствени установи во Македонија и Европа.

Согледувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетно и пристапно здравствено осигурување, достапни се три пакети кои може да ги одберат корисниците за да добијат здравствена заштита, превентивни прегледи, но и лекување, вклучувајќи и специјалистички прегледи, третман на тешки болести, болничко сместување во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, за сите членови на семејството.

Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовни цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот. Односно, доколку купат кој било пакет на Семејно приватно здравствено осигурување до 12 септември оваа година, клиентите добиваат попуст на редовната цена на пакетот, односно добиваат една месечна рата бесплатно.  

На една полиса за Семејно приватно здравствено осигурување, сите членови на семејството можат да се лекуваат во приватните болници во Македонија, како што се „Клиника Жан Митрев“, „Ремедика“, „Аџибадем Систина“, „Санте плус”” и слично, како и во реномирани болници во странство.

Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување за клиентите кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите за Семејно приватно здравствено осигурување Комфорт и Премиум со доплата од 900, 1150, односно 1650 денари месечно, во зависност од висината на лимитот кој е достапен за користење за овој тип здравствена услуга во период од пет години.

Семејното приватно здравствено осигурување може да се купи во продажните места на Еуролинк Осигурување, преку агентите за осигурување на Еуролинк, а подетални информации се достапни на интернет-страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg