125 деца научија да пливаат со пливачките школи ,,Пливај и уживај’’ на Еуролинк осигурување

125-deca-nauchija-da-plivaat-so-plivachkite-shkoli-plivaj-i-uzhivaj-na-eurolink-osiguruvanje-01.jpg

Вчера на градскиот базен во Кавадарци се одржа последниот час од третата по ред пливачка школа за оваа година „Пливај и Уживај“, организирана од Еуролинк осигурување.

Сто дваесет и пет деца на возраст од 7 до 12 години,  успешно ги совладаа основните техники во пливање без помош на пливачко помагало – пловка. 

Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (Американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим. На крајот од секоја школа младите учесници имаа организиран натпревар, а потоа им беа доделени дипломи за успешно завршена пливачка школа. 

Во пливачката школа во Кавадарци, проф. д-р. Наташа Мешковска откри невиден талент за пливање кај 7-годишно девојче, кое за само осум часа успеа да ги научи четирите техники во пливањето. 

На наша голема радост интересот оваа година беше огромен,  не само за пливачката школа во Скопје, туку и за другите градови. Еуролинк осигурување планира следната година пливачките школи да ги прошири и во други градови во државата. Со вистински вредности до здрави, среќни и успешни деца. Активноста е дел од платформата за корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.  

Се гледаме на некоја од следните возбудливи активности.

Би можело да ве интересира:

Познати македонски личности што кариерата ја почнале како деца – Се сеќавате ли на нивните почетоци? Денес се некои од најпознатите актери и музичари, а кариерата ја започнаа уште д...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg