За време за Супер купот Пакомак собра 6000 тони стакло повеќе од вообичаено

Зад нас е август, месецот кој во Скопје го одбележа светски настан како што беше Супер Купот и фудбалскиот дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кој се одигра на 8 август во Скопје. Европската куќа на фудбалот изрази јавна благодарност до ФФМ, за одличната организација, но и Фудбаласката Федерација на Македонија се чини дека одлично ја искористи оваа можност да нè претстави како достојни домаќини. Сите бевме сведоци на неизмерната позитивна енергија која го обзеде градот, огромниот број на туристи и навивачката атмосфера како што доликува не еден ваков настан. Угостителските објекти беа преполни, Дебар маалските улички вриеја и ечеја од навивачки песни. Но, она што доаѓа заедно со поголемата раздвиженост е и зголеменото количество на отпад за кое градот несомнено се погрижи. Но тука не завршува приказната...

za-vreme-na-super-kupot-pakomak-sobra-6000-toni-staklo-povekje-od-voobicaeno-01.jpg

Ретко се запрашуваме што понатаму со тој отпад, одговорноста кон него не завршува со фрлањето во корпа за отпадоци, неговиот живот дали ќе заврши во депонија или ќе се рециклира е од огромно значење. На оваа тема се обративме во Пакомак, друштвото кое веќе 7 години се грижи за селектирање на отпадот и негово рециклирање.

„Бевме однапред свесни дека ваков значаен настан кој ќе привлече голем број на луѓе од земјава и странство е одлична можност за нас да се активираме и да допринесеме амбалажниот отпад кој вообичаено го собираме секој месец да биде овој пат со многу поголема количина. Што и реално се случи, па така во централното градско подрачје на потегот од Кејот кај Градскиот трговски центар, па се до Дебар маало и просторот околу Градскиот стадион ни донесе речиси 6 тони на амбалажно стакло. Овој отпад беше собран во период од три дена од угостителските локации, со кои веќе имаме воспоставена пракса, но и од 150-те канти за селективно собирање на отпад од пакување кои беа дополнително наменски поставени од наша страна, по повод фудбалскиот натпревар, во близина на хотел Парк и  во околината на Градскиот стадион“, изјавија од Пакомак.

Ваквата успешна акција е само уште едно позитивно надополнување на убавата слика која ја остави овој фудбалски меч во главниот град. Се разбира дека напорите да се постигне повисоко ниво на еколошка свет не застануваат тука, многу лекции остануваат да бидат совладани, но доколку ја погледнеме сликата од пред само неколку години наназад и оваа денес напредокот е видлив и неминовен. Фактот дека од минатиот месец ќе рециклираме стакло за 6 тони повеќе треба да биде мотив и пример и за во иднина оваа бројка да ја зголемуваме со лично одговорно однесување кон отпадот, бидејќи од нас зависи дали ќе го продолжиме неговиот живот или пак несовесно ќе и го препуштиме на природата од која сите ние сме дел.

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е како сцена од најубавата есенска бајка (фото) Градскиот парк во Скопје овој ноември е вистинска есенска бајка. Со огледалните ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg