Како да освоите прво место во мисијата: Шопинг на Black Friday во Топ Шоп!

kako-da-osvoite-prvo-mesto-vo-misijata-shoping-na-black-friday-vo-top-shop-1.jpg

Предновогодишниот период освен што асоцира на празнични декорации, печени костени, топол чај, многу дружба и весели мигови со најблиските, неизбежно асоцира и на големите шарени излози, преполни со безброј производи на попуст!

Вистинско уживање за сите што сакаат да купат повеќе од она што го посакуваат за пониски цени. Иако мисијата „шопинг на Black Friday“ звучи сосема банално; одиме, пазаруваме она што сме го „намерачиле“ и излегуваме од продавница, сепак постојат мали трикови во врска со тоа како да направите најдобра зделка, а да не потрошите пари што не сте ги планирале.

Да тргнеме со ред...

  • Некои психолози сметаат дека кога сме под притисок од физиолошките потреби, потешко донесуваме одлуки, па препорачуваме на шопинг на Black Friday да не одите гладни и жедни. И секако, посетете го тоалетот пред да влезете во продавница.
  • Шопингот знае да биде многу исцрпувачка активност. Многу луѓе пред касата, вработени што се презафатени во опслужување на потрошувачите, турканици и нетрпеливи лица околу вас. Шопингот треба да претставува уживање и забава, па вооружете се со трпение и со насмевка и секако, со некоја весела пријателка, со која тоа искуство ќе ви биде неповторливо доживување.
  • Секако, за сите што не можат да толерираат забрефтани потрошувачи кои кога влегуваат во продавница како да влегуваат во ринг, секогаш е достапна опцијата да си ги купат истите нешта со истиот попуст и онлајн. Само треба да ти текне!!!
  • Ако сте во мисија да испазарувате производи за целото семејство, најдобро е да ги разгледате ден-два пред Black Friday на 24 ноември на веб-страницата на Топ Шоп. Можеби откако ќе ги разгледате сите одново, ќе ја направите најсоодветната селекција за вас.
  • Внимателно простудирајте ги производите на полиците, бидејќи поради невнимание на другите потрошувачи, некои производи може да бидат оштетени. Откако ќе ги купите, можеби и тешко ќе најдете соодветен производ за замена поради големата потрошувачка за време на Black Friday.
  • Облечете нешто едноставно, удобно и лесно, а особено внимавајте на обувките, внимавајте да бидат рамни и комотни за долго стоење.

За крај, ви посакуваме успешна мисија, многу трпение и супер забава во шопингот на Black Friday на 24 ноевмри во сите Топ Шоп продавници, ден што ќе ви го крене расположението и ентузијазмот.

Но, доколку сакате да добиете ВИП пристап до најдобрите три понуди еден ден пред сите останати внесете ја вашата е-маил адреса тука и први разгледајте ги понудите со неверојатни попусти од 20% до 70%.

Уживајте во попусти креирани специјално за сите страсни „шопингхоличари“ :-)

kako-da-osvoite-prvo-mesto-vo-misijata-shoping-na-black-friday-vo-top-shop-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Туна Сејдиу ужива на одмор со синовите во Бодрум - згодна во мини здолниште и кроп-топ со тетоважа п... Туна (38) на летувањето во Бодрум покажа дека е во топ-форма, облечена во мини з...
Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на егзотичен одмор во Египет - пејачката во топ форма по второто пор... „Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе“, порачува Сар...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg