Шопинг лудилото започнува! Каде ќе биде најголемиот Black Friday?

(Скопје 22.11.2017) Овој петок, 24.11 се обележува најголемиот светски шопинг празник BLACK FRIDAY, кој веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар. Ако ви е познат овој празник сигурно сте слушнале и за вртоглавите попусти кои се задолжително проследени со турканици и борба!

 shopping-ludiloto-zapocnuva-kade-ke-bide-najgolemiot-black-friday-1.png

Водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговија - Grouper.mk го најавува најголемото шопинг лудило - Black Friday, кое ќе започне на полноќ во четврток. Кралот на попустите секоја година го бележи овој ден со рекордна продажба на купони. Лани беа продадени 15.000 купони за само 24 часа, а посетите достигнаа над 130.000.

Од Grouper велат дека ова е највозбудливиот ден во годината за нив и дека го сметаат за нивен патронат под мотото „Хаос, попуст, лудило - Кој купи, купи”. Тие оваа година најавуваат повеќе од 1000 зделки со ултра високи попусти (96%), по ултра ниски цени, и со ограничено времетраење и количини! Покрај најавата за повеќе од 1000 Black Friday зделки, што е двојно повеќе од минатата година, Grouper како и секогаш подготви дополнителни изненадувања со екстра вредност за своите корисници.

shopping-ludiloto-zapocnuva-kade-ke-bide-najgolemiot-black-friday-2.png

На точно една недела пред “големиот ден” започнаа и Black Friday WARM UP зделките како загревање за шопинг лудилото. Најавата започна со неколку  специјални зделки правени по Black Friday стандарди: најголемиот попуст на спортска опрема во SPORT M, неодоливите бургери на American Best Burger и гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил.

За вистинско Black Friday лудило Grouper вчера вечер ја лансираше и Black Friday Машината за подароци (во соработка со Mastercard) каде секое вртење е добитно! Преку игра може да добиете еден од над 500те подароци, меѓу кои патувања, маички, ранци, чадори, тефтери и неограничен број на честитки со интересни пораки за пријателите! За само неколку часа над 2500 корисници се вклучија во играта - Свртете ја рачката тука!

shopping-ludiloto-zapocnuva-kade-ke-bide-najgolemiot-black-friday-3.png

Лудилото ќе биде заокружено со Cyber Monday на 27.11. Во превод, Cyber Monday е понеделникот после лудиот петок, и во истиот тренд ќе има нови зделки со луди цени со само 24 часа.

Петок е денот, Grouper.mk е местото.

Не го пропуштајте најголемиот шопинг настан за оваа година! Запишете, запамтете или ставете потсетник  зошто нема да сакате да ја пропуштите најголемата Black Friday акција во Македонија! Сé што ви треба е брзи прсти, спремна картичка и Grouper мобилната апликација на близок дофат.

Нека кралот на попустите биде со вас и овој Black Friday.

shopping-ludiloto-zapocnuva-kade-ke-bide-najgolemiot-black-friday-4.png

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Македонката Оливера беше на Super Bowl: „Билетите се продаваат и за над 10.000 долари, пеев опера на... „Ова беше искуство што нема никогаш да го заборавам. Годинава имаше навистина мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg