Дали слушнавте за големата потрага по iPhone X?

Да, токму така е како што прочитавте! Македонски Телеком оваа недела за сите корисници организира голема потрага по најновиот модел на iPhone X. Верувале и или не, ова е до сега најневообичениот и забавен начин за да се стигне до најновиот телефон на Apple.

dali-slusnavte-za-golemata-potraga-po-iphone-x-001.jpg

Но, кој не би сакал да ја искористи оваа шанса и да биде дел од големата потрага. Зошто iPhone X предизвикува огромен интерес кај нас, но и во светски рамки?

Од  Apple велат дека најновиот модел iPhone X има комплетен редизајн кој оди во прилог на нивната замисла за изгледот и функциите на телефонот, 10 години подоцна од промоцијата на првиот оригинал, кој на светот му донесе технолошка револуција. Ова значи дека можеме да очекуваме фундаментални промени кај новиот iPhone, па така копчето за „home“ сега го нема, а отклучувањето се врши со едноставен поглед во екранот бидејќи има Face ID технологија за препознавање на лице. Биометриското препознавање на лицето се вели дека е многу попрецизно од TouchID технологијата за скенирање на отисоци од прсти кои го имаа досегашните модели. Оваа нова технологија, ќе биде користена и за креирање на анимирани емотикони кои се контролираат со мимики на сопственото лице.

Несомнено е дека овој телефон ќе внесе свежина и новитети, трасирајќи го патот на  револуционерната технологија која го менува светот.

Затоа, сите коишто сакаат да го имаат новиот iPhone X, сеуште имаат време да се регистрираат и да учествуваат во возбудливата потрага која ја организира Македонски Телеком. Правилата и деталите во врска со потрагата ги има на веб страницата osvojx.mk, каде што заинтересираните прво треба да се регистрираат.

Големата потрага за iPhone X е закажана за 26.11.2017 година, недела во 11 часот на Плоштад Македонија во Скопје.

Дополнително, корисниците можат да ја следат возбудата и на фан страницата на Фејсбук. Вклучете се во потрагата и очекувајте добра забава!

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кој по 4 неуспешни бракови? Кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg