Кампања „Испрати љубов“ по повод Денот на вљубените

Вратете ја убавината на традицијата и пратете љубовно писмо од Скопје сити мол

kampanja-isprati-ljubov-po-povod-denot-na-vljubenite-01.jpg

(Скопје, 08.02.2018) - Речиси во сите земји низ светот, на 14 февруари се одбележува Денот на вљубените. По тој повод, Скопје сити мол во периодот од 8 до 14 февруари преку кампањата „Испрати љубов“ ќе се обиде да ги потсети сите посетители на една добра и стара, но подзаборавена навика - изјавување љубов преку романтични писма или љубовни картички и да донесе возбудлива љубовна еуфорија во градот. Со приложена фискална сметка во вредност од над 500 денари, купувачите во трговскиот ќе имаат можност да учествуваат во забавната игра „Љубовна пошта“ и да испратат љубовна картичка или љубовно писмо до своите сакани на адреси во Скопје.

kampanja-isprati-ljubov-po-povod-denot-na-vljubenite-02.jpg

„Како големи поборници на задржување на практиката за правење убави нешта, во ера на дигиталниот свет и во време кога се живее динамично и со брзо темпо, одлучивме да креираме кампања што ќе ги освои сите генерации подеднакво. Постарите ќе ги потсети на еден од најубавите периоди во нивните животи, кога сета љубов и копнеж по саканите ја пренесувале на парче хартија, а на помладите, пак, ќе им ја доближи традиција што ќе го подигне нивниот романтичен дух. Учесниците во оваа кампања ќе имаат можност да изберат една од 10те дизајнирани љубовни картички изложени во Љубовната пошта во нашиот трговски, на кој што ќе напишат романтична порака до партнерот, вметната во адресиран плик, а поштарите истата ќе ја достават во текот на наредниот ден, директно до примателот“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.

kampanja-isprati-ljubov-po-povod-denot-na-vljubenite-03.jpg

Во ерата на СМС пораки, е-пошта и онлајн преписки, вистинска реткост е рачно напишано писмо во кое се изнесуваат најчисти емоции. Вратете ја убавината на традицијата, доживејте ја љубовната еуфорија преку „Љубовната пошта“ на Скопје сити мол и овозможете ѝ го на вашата љубов она преубаво чувство на отворање парче хартија и допир на површината на којашто сте се обиделе да ги споделите вашите најискрени мисли. 

kampanja-isprati-ljubov-po-povod-denot-na-vljubenite-04.jpg

Како дел од оваа кампања, во Скопје сити мол изложени се 6 од најпознатите љубовни писма напишани низ историјата, она на Наполеон Бонапарта испратено до љубената Жозефина де Боарне, писмото на Фрида Кало до саканиот Диего Ривера, писмото на Лудвиг ван Бетовен до неговата најголема но за јавноста непозната љубов, романтичните пораки од Елизабет Тејлор до нејзиниот сакан Ричард Бартон, како и писмото полно копнеж на Роналд Реган до сопругата Ненси.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg