Kое е најдоброто место за вечера на Св. Валентин?


Kое е најдоброто место за вечера на Св. Валентин?

koe-e-najdobroto-mesto-za-vecera-na-sv-valentin-01.jpg

Маж или жена – секогаш кога си на идеја да го изненадиш партнерот со убава резервација за Валентин, се соочуваш со ситуација на немање слободни места, гужви, разочараност од понудата на локалите и сл.

Затоа, решивме да одвоиме нешто за овој 14-ти февруари...

koe-e-najdobroto-mesto-za-vecera-na-sv-valentin-02.jpg

Бистро Скопје, новиот блуз и џез ресторан на улица Македонија, на 14-ти февруари организира прекрасна вечер заедно со „JB Quartet“ и Нико Ѓоргиевски. Два фантастични машки и женски вокали, Нико и одличната џез вокалистка Јасмина Беличанска ќе бидат придружени од all-star составот на басистот Марко Василевски, пијанистот Филип Димишковски и Антоние Весковски на ударни инструменти. Ќе се пеат врвни аранжмани од преработки на Frank Sinatra, Nat King Cole, Diana Krall, a и Македонски евергрини кои ќе ви ги разгалат музичките сетила.

koe-e-najdobroto-mesto-za-vecera-na-sv-valentin-03.jpg

За останатото ќе се погрижат извонредните шефови Жика и Рубин и нивните веќе добро познати кулинарски ремек-дела во Бистро Скопје. А за оние кои сакаат да го прослават Св. Трифун ќе има посебно изненадување – промоција на Тиквеш и промотивни цени на нивните вина.

Резервирајте си место во Чув де чув на 078 52 05 52 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за незаборавна романтична вечер. Побрзајте, затоа што голем дел од местата се веќе пополнети од редовните клиенти на Бистро Скопје.

Погледнете и мал дел од атмосферата на последниот настап кој „JB Quartet“ го имаа во Бистро Скопје...