Препораки од ИАБ Македонија во однос на најавените измени на Google поврзани со Chrome

На 15-ти февруари, Google ќе ја објави новата верзија на прелистувачот Chrome со вграден AdBlocker кој автоматски ќе блокира несоодветни рекламни формати.

preporaki-od-iab-makedonija-vo-odnos-na-najavenite-izmeni-na-google-povrzani-so-chrome-001.jpg

СКОПЈЕ 14 ФЕВРУАРИ, 2018 – Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија,  по повод објавувањето на новата верзија на прелистувачот Google Chrome, која ќе содржи вграден AdBlocker и автоматски ќе блокира рекламни банери кои не ги почитуваат стандардите, го издава ова соопштение со цел да ги запознае компаниите, огласувачите и издавачите со промените и трендовите кои што доаѓаат во самата индустрија. Новата верзија на Chrome е најавена од страна на Google на 15-ти февруари.

Една од главните промени е тоа што огласни формати и на мобилен и на десктоп како банери и видеа со автоматско пуштање на звук и содржина, интро банери кои зафаќаат цела страна, поп-ап банери, банери кои бараат активност за да пристапите до содржините или бараат од посетителите да чекаат неколку секунди, од Google Chrome ќе бидат препознаени како огласни формати кои не се прифатени и ќе бидат блокирани. Една од најважните работи е тоа што според објавените информации од Google, доколку на сајт има и само еден банер кој спаѓа во несоодвените формати, сите банери (вклучувајќи ги и тие сервирани од рекламната мрежа на Google, AdSense) ќе бидат блокирани.

Следејќи ги најавените промени од страна на Google дека од 15.02.2018 година интернет прелистувачот Chromе ќе блокира и нема да прикажува одредени формати на огласување кои се категоризирани како наметливи и непосакувани, а  со цел подобро корисничко искуство и подобри огласни решенија, ИАБ Македонија Ве советува во иднина кога ќе се подготвувате за реализација на дигитална кампања во предвид да ги земете препораките објавени на страната на Coalition for Better Ads за огласни решенија достапни на следниов линк.” – вели претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски.

Оваа промена е значајна за сите онлајн медиуми, огласувачи и маркетинг агенции, како и за самите посетители. ИАБ Македонија ја поддржува оваа промена, бидејќи истата е поттикната со цел на подобрување на корисничкото искуство и ставање на барем малку ред во дигиталното огласување. Промената е поттикната од коалицијата Coalition for Better Ads во која членуваат едни од најголемите компании во светот како Google, Microsoft, Unilever, како и IAB, во чија глобална мрежа учествува и ИАБ Македонија.

Листа на форматите кои ќе бидат опфатени ќе пронајдете на следниов линк.

ЗА ИАБ МАКЕДОНИЈА

ИАБ Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот. Повеќе на: IAB.mk

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg