Ангела Мицајкова, инструктор по јога: Правилниот внес на кислород го подигнува и одржува имунитетот

Септолете тотал ви ја претставува Ангела Мицајкова инструктор по јога од 108 Yoga House

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-01.jpg

Ангела ја користи тројната формула – Тело, Ум и Дух – за животна среќа и благостојба.

Ја поканивме на чај, а таа ни раскажа за тоа како почнала да се интересира за јога во 2009 година, откако нејзина пријателка со воодушевување ѝ ги претставила благодетите од практикувањето јога секој ден. Ни раскажа дека оваа дисциплина ја освоила од самиот почеток и оттогаш до денес ѝ помага да ги обликува своите погледи, ставови и мисли, на здрав и продуктивен начин.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-02.jpg

Иако практикувала најразлични спортови од мала, со јогата ја разбрала суштината што значи да си победник во животот. Имено, во спортот незибежен е натпреварувачкиот дух и желбата за резултати, а во јога победата е слободниот избор да се посветиш на она што те прави среќен. Таа вели дека иако некогаш работиме напорно и силно се трудиме околу нешто, резултатот не е секогаш гарантиран. Но со помош на јогата сфатила дека човекот е успешен во своите потфати дури тогаш кога ќе открие која е вистинската работа што треба да ја направи.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-03.jpg

Како се грижиш за своите дишни патишта? Дали вежбаш техники на дишење? Што се постигнува со нивно практикување?

Проток на возудх, поголеми количества на кислород до мозокот и олеснати дишни патишта е императив за благосостојба. Правилниот внес на кислород го подигнува и одржува имунитетот.  Затоа, особено важно е да се грижиме за виталноста на дишните патишта.

Енергетскиот центар или чакра поврзана со дишењето е Vishuddhi (вишудхи), чија функција е да го прочисти телото од токсичните супстанци кои ги вдишуваме. Сите проблеми и непријатни искуства кои сме ги “голтнале” и потиснале низ животот продолжуваат да постојат во потсвесниот ум се додека не се соочиме со нив и ги разрешиме со мудрост. Додека овој центар не се развие енергетски и ослободи од физички блокади, како болки и воспаленија, искусуваме вознемиреност, недостаток на слобода, ограничување, проблеми со тироидната жлезда и грлото. Кога vishuddhi добро функционира ни дава неограничена среќа и слобода нашите способности и вештини да процветаат што се манифестира преку јасен и чист глас, развивање талент за говор и пеење, урамнотежени и мирни мисли.

Да научиш да дишеш правилно, би рекла, е најголем дар. Добар инструктор по јога, најпрво ќе те научи добро да дишеш, да си го слушаш и следиш дишењето, за да достигнеш состојба на спокој и трпение.

Начинот на дишење е многу тесно поврзан со нашите емоционални состојби. Дишеме различно кога сме лути, возбудени, уморни или нервозни. Сепак, со користење на соодветни техники на дишење, ние всушност можеме да ја смениме нашата физичка или емоционална состојба.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-04.jpg

Кој ја користиш моќта на твоето грло?

Практикувам лингвистички вештини. Преку студирањето на јога текстови неминовно сум во допир со санскритот. Санскритот е литургиски јазик на хиндуизмот и будизмот,  и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија.Овој јазик има код на внимателно и љубезно изразување кон се живо на овој свет, ценејќи ја длабоко и широко секоја световна креација.

Човек треба да ја користи моќта на своето грло да искажува љубезни, благи и внимателни зборови на кој јазик и да зборува. Но кога човек се изразува љубезно, тој инспирира, мотивира и негува добрина во себе и кон другите. На крајот, тоа треба да е ефектот од практикување јога – од тебе да направи здрава личност која конструктивно придонесува за светот кој го дели со другите.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-05.jpg

Како се детоксицираш?

Кога мислам на детоксикација, мислам пред се, на лична хигиена. Физичка и ментална. Кога човек практикува различни техники за одржување на лична хигиена, тежнее да живее во чистота. Практикувам да го започнам денот со техники за чистење на телото, измивање на усната шуплина и ноздрите – со назална иригација, за да го подготвам телото за избалансирано дишење во текот на денот, притоа подготвувајќи го и умот за изненадувањата што ги носи секој ден.

За одржување на ментална хигиена, се трудам секој ден да живеам според принципот сатва – што значи “чистота“. Сатва е една од трите компоненти на духовното живеење, или “модуси на постоење“ што носи благосостојба, здравје, спокој, трпение и толеранција, како способност за опростување и љубење.

Музиката има неверојатна моќ да го хармонизира дишењето и да ги разбуди телесните функции. Дали практикуваш музичка терапија? Или можеби свириш некој музички интрумент?

Музиката ми е многу блиска. Всушност преку јогата открив како да ги следам своите духовни процеси и дојдов до сознание дека на мојата природа најмногу и одговара девоцијска јога, односно bhakti – што значи посветеност.

Музиката во облик наречен киртан е моќен медиум да се искаже и практикува bhakti. Тоа е многу едноставен и моќен начин на медитација каде песните се пеат на древниот јазик санскрит и содржат силна обновлива и трансформативна енергија што ни помага да допреме до она што го чувствуваме свето во себе. Доколку некогаш имате прилика да присуствувате на киртан ќе доживеете како вашиот глас станува некако поубав и слободен без никој да се грижи дали добро звучите – во киртан сите гласови се спојуваат заедно за да станат Еден глас.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-06.jpg

Јогата нé учи, нашето делување према другите, секогаш да биде од чисти побуди. Дали се инволвираш во волонтерска работа или хуманитарни акции?

Една од главните причини што постоиме како студио уште на самиот почеток е да го ставиме нашето знаење и искуство во функција онаму каде што е најпотребно, а во нашето општество и те како има каде да се помогне. Имаме потпишани меморандуми за соработка со неколку здруженија со кои почнавме разговори за заеднички проекти што вклучуваат работа со деца со посебни потреби и други ранливи групи. Неодамна земавме учество и во иницијативата “Мрдни со прст“ и преку соработка со колегите инструктори по јога и вежбачите кои несебично се вклучија, собравме топла облека за акцијата “Сите стоплени во зима”.  Иако сме нови како студио, нашата визија е преку јогата директно или индиректно, да го дадеме својот придонес за поубава средина со вклучување во проекти од овој тип и отвореност за соработка со разни институции.

angela-micajkova-instruktor-po-joga-pravilniot-vnes-na-kislorod-go-podignuva-i-odrzuva-imunitetot-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Уште една хероина заѕвони на ѕвончето на Детска клиника - малата Ангела ја победи болеста, а братчет... „Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на...
Пар направи забава за откривање на полот на детето во паркче во Тафталиџе, со балони и нивното куче ... „Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив ...
Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg