Амазонија 3D во домашните кина од 27 февруари

Љубителите на природните авантури, по 27 февруари во домашните кина, ќе имаат можност да го погледнат филмот "Амазонија 3D" и да уживаат во возбудливата одисеја која се одвива во најголемата прашума на светот.

amazonija-3d-vo-domasnite-kina-od-27-fevruari-01

Филмскиот проект со потпис на Тиери Рагобер е најголемиот филм некогаш снимен во Амазон, вреден е 10 милиони долари и на него работела екипа од речиси 180 професионалци од целиот свет.

Филмот „Амазонија 3D“ е сниман во бразилско-француска продукција, а биле потребни дури 7 години за францускиот режисер Тиери Рагобер да дојде до финалната верзија.

Рагобер и неговиот тим поминале две години подготвувајќи се за снимањето на овој филм, соработувајќи со биолози и научни експерти, сè со цел да ја доживеат динамиката на животот во Амазонија на вистински начин за потоа верно да ја претстават секоја секвенца на филмското платно.

amazonija-3d-vo-domasnite-kina-od-27-fevruari-02

Дејството на филмот ја следи приказната на малиот мајмун Конго кој е роден и пораснал во заробеништво.

Неподготвен, малиот мајмун се чувствува беспомошно по неочекуваната слобода. Соочен со новиот свет, тој мора да го пронајде својот пат и да ги заобиколи замките што му ги поставува природата. 

Споредната улога во филмот имаат околу 5.000 животински и 40.000 растителни видови, како и 2,5 милиони инсекти, сите жители на огромната и разновидна амазонска прашума. 

amazonija-3d-vo-domasnite-kina-od-27-fevruari-03

Не ја пропуштајте најзабавната и највозбудливата одисеја за најголемата прашума на светот која во кината ќе се емитува премиерно по 27 февруари!

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg