Викенд предлог: Топ 5 филмови со Џенифер Лоренс

Девојката која за многу кратко стекна слава како акциска хероина, ѕвезда во повеќе серијали, но одлично се снајде и во улогата на чудна, нестабилна девојка.

vikend-predlog-top-5-filmovi-so-jenifer-lorens-01

Не е ни чудо што покрај толку трансформации, Џенифер Лоренс гордо понесе Златен Глобус и Оскар за неколку нејзини филмски остварувања.

Затоа, не ги пропуштајте овие топ 5 филмови во кои ќе се заљубите во секоја улога на прекрасната Лоренс:

1. Winter's Bone

Првата голема улога на дотогаш непознатата Џенифер Лоренс беше токму во овој криминалистички трилер, кој воедно е и емотивна социјална драма.


2. X-Men: First Class

Приказната во која некогашните пријатели стануваат вечни непријатели и се борат еден против друг, ја зачинува русокосата Џенифер Лоренс. Нејзината студена и мистична улога добива огромна доза сексапил по сцената кога се појавува со обоено сино тело, без ниту едно парче облека.


3. The Hunger Games

Адаптацијата на книжевната трилогија и понуди на Џенифер Лоренс улога вредна милиони долари. Без размислување, Џенифер ја прифати улогата на Катнис, храбра девојка која влегува во борба до смрт само за да ја замени нејзината сестра.


4. Silver Linings Playbook

Откачена романтична комедија, во која Џенифер Лоренс е воедно и дива и ранлива жена, и еротична и несмасна, баш онаква каква што е секоја жена која ќе се вљуби. И токму за оваа улога Џенифер се закити со златен Оскар.


5. American Hustle

Улогата на Џенифер и во овој филм не е многу поразлична од претходната. Таа е непредвидлива сопруга која е повеќе од комплексна - депресивна, самодеструктивна, заводлива и неподнослива во едно.

Имате некој да додадете? Слободно споделете со нас во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg