Филмски викенд: Топ 10 филмови со незаменливата Џулија Робертс

Прекрасната Џулија Робертс на 28-ми октомври наполни 47 години, а веќе 28 години важи за убедливо најдобра актерка на филмското платно.

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-01.jpg

Џулија се прослави во 1986-та година во серијата Crime Story, по што следуваа многубројни фантастични улоги.

Ги издвојуваме најдобрите 10 кои доколку не сте ги погледнале, вреди да го направите тоа што поскоро:

10. Steel Magnolias

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-02.jpg

Животот на оваа женска дружина добива смисла во салонот за убавина кој го води една од девојките. Токму таму се раскажуваат сите нивни надежи, љубови и победи. Секојдневно си ги кажуваат личните исповеди, и даваат надеж на загрижената девојка, за нејзината венчавка и подготовките кои се во тек... Во улога на невестата се наоѓа токму Џулија Робертс.



9. Pretty Woman

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-03.jpg

Еден од најголемите хитови на 90-те, филмот со кој Џулија стекна планетарна популарност. Оваа филмска бајка е прекрасен спој на Пепелашка и Травијата, во која Џулија и Ричард Гир се главните ликови. Таа ја глуми младата и привлечна проститутка, додека тој е моќен и богат бизнисмен.



8. Sleeping With the Enemy

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-04.jpg

Во овој филм Џулија одлично ги доловува ужасните последици кои жената може да ги искуси ако се омажи со погрешен човек. Таа презема очајнички мерки за да се ослободи од деструктивната врска во која се наоѓа.



7. Conspiracy Theory

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-05.jpg

Џулија Робертс и Мел Гибсон, интересен заплет, акција - така на кратко би го опишале овој филм. Мел Гибсон глуми еден по малку бизарен таксист од Њујорк. Тој е опседнат со заговорите кои постојано му се во главата, но интересното доаѓа дури кога една од тие теории ќе се покаже како точна.



6. Stepmom

top-10-filmovi-so-nezamenlivata-julija-roberts-06.jpg

Филмот кој доби вкупно 7 награди е вистинска животна драма. Џулија Робертс е новата жена на Ед Харис, кој се разведува од неговата поранешна жена, а притоа се труди максимално да се вклопи во семејството. Заплетот кој следува во оваа семејна драма е одличен и реален.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg