Ова е момчето коe требаше да го глуми Кристијан Греј

Понекогаш може да биде тешко да се излезе од под сенката на сопствениот татко, но Скот Иствуд, познат и под прекарот „Hot Skot” (Згодниот Скот), е решен да биде препознатлив по својата работа, а не само по тоа што е син на познатиот Клинт Иствуд.

ova-e-momceto-koe-trebase-da-go-glumi-kristijan-grej-01.jpg

Скот Иствуд сме го гледале во филмовите „Teксашки масакр со моторна пила3D“, „Враќање во игра“, „Бес“, a од 9 април ќе го гледаме на големиот екран во филмската адаптација на љубовната драма „Најдолгото патување“на писателот Николас Спаркс.

ova-e-momceto-koe-trebase-da-go-glumi-kristijan-grej-02.jpg

Без оглед на неговото потекло и актерски потфати, постојат неколку интересни факти за Скот Иствуд, a списанието Fashion&Style ви претставува пет:

1. Кога почнал да работи во индустријата за забава, од својот агент барал да го претставува како Скот Ривс, пренесува порталот Интервју. На крајот на 2008 г. сепак се решил да го користи презимето Иствуд, бидејќи тоа отсекогаш била желба на татко му, некој да продолжи да го носи неговото презиме.

2. Добил повик за аудиција за филмот „Педесет нијанси сиво“, за улогата на Кристијан Грејл, но ја одбил таа можност бидејќи претходно не му го испратиле сценариото и не сакал да снима сцени во кои е сосем гол во преден план.

3. За разлика од тоа што има проблем да снима сцени сосем разголен, Скот вели дека нема проблем да глуми без маица: „Израснав на плажа, сурфав цел живот, така што некако сум навикнат на тоа“, изјави глумецот за списанието Treats!.

4. Сака да работи со својот татко и вели дека за него тоа искуство претставува „најголема гордост“. Исто така признава дека ќе ја зграпчи секоја можност да поминува време со него: „Татко ми има 83 години и, за разлика од моите пријатели чиишто татковци се релативно помлади, мојот нема секогаш да биде тука“, пренесува The Daily Beast.

5. За разлика од татко си, Скот нема планови да се занимава со политика: „Сакам да се држам настрана од политиката. Штом еднаш луѓето ќе влезат во неа, нивниот живот станува јавен и достапен, постојано се наоѓаат под лупа. Јас сум сепак затворена личност која не сака да разговара за приватните работи“, пренесува Town and Country.

Филмот „Најдолгото патување“ се заснова на испреплетената љубовна врска меѓу Лук, поранешен шампион на родео, кому одново се вратила желбата да се занимава со тоа, и Софија, студентка, која треба да почне да се занимава со работата од соништата во уметничкиот свет на Њујорк. Додека различните патишта и идеали ја ставаат нивната врска на тест, Софија и Лук неочекувано се зближуваат со Ира, кој ќе им го смени животот, а чиишто сеќавања на долгогодишната љубов кон својата сакана жена длабоко ќе го инспирира младиот пар.Освен Скот Иствуд, во филмот играат и Брит Робертсон, Уна Чашлин, Џек Хјустон и други.
Филмот „Најдолгото патување“ е остварување за сите генерации кое ни раскажува за две испреплетени љубовни приказни, ги истражува предизвиците и бескрајните благодати на вечната љубов, а во кината пристигнува од деветти април.

Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот преведен на македонски:

Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg