5 стари Дизни филмови кои ќе го вратат детето во вас

Посакувате овој викенд нешто што ќе ве опушти од напорната работна недела?

5-stari-dizni-filmovi-koi-kje-go-vratat-deteto-vo-vas-001.jpg

Еве неколку прилично стари, но евергрин филмови кои ќе го разбудат детето во вас.

1. „The Parent Trap“

Хејли Милс ја игра улогата на две близначки. По разводот секој од родителите зема едно девојче со себе и близначките до својата тринаесетта година, воопшто не знаат една за друга. На летниот камп откриваат за себе и нивното минато и решаваат да си ги разменат местата и повторно да ги соединат своите родители. Се сеќавате на лектирата „Двојната Лота“?


2. „Summer magic“

Вдовица со своите три деца, принудена е да ја напушти својата градска куќа и да замине на село. Тука ќе се научат на мирен живот далеку од градскиот метеж и проблеми. Овој неодолив семеен филм ќе ве однесе далеку во топлите летни ноќи на село или викендичка. Се сеќавате на семејните одмори во Охрид?


3. „Old yeller“

Младиот Тревис задолжен е да се грижи за своето семејство, додека неговиот татко е задолжен селскиот добиток да го пренесе во друг град. На негово место се доселува стариот ретривер кој ќе му ја даде неопходната љубов, заштита и поддршка. Се сеќавате на вашиот прв миленик и на тоа колку го сакавте?


4. „The Swiss family Robinson“

За време на нивното патување до нова Гвинеја, семејството Робинзонови доживува бродолом и се принудени да започнат нов живот на напуштен остров. Тука го создаваат својот нов дом кој мора да го заштитат од не добредојдените пирати и останати непознати опасности. Се сеќавате кога замислувавте како се спротивставувате на секој негативец и злосторник? Кога игравте крадци и полицајци?


5. „Mary Poppins“

Супер моќната и магична беби-ситерка Мери Попинс долетува со својот чадор на лондонската црешова уличка за секогаш да го промени животот на двете дечиња и нивниот ладнокрвен татко. Се сеќавате на топлите прегратки и поддршка на баба и дедо?

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg