8 филмски хитови за ова лето

Во кино салите конечно пристигнуваат филмовите кои веројатно ги очекувате уште од почетокот на зимата. Ова се неколку препораки за филмови кои можете да ги гледате ова лето.

8-filmski-hitovi-za-ova-leto-01.jpg


1. Ако сте за акција: Mission: Impossible Rogue Nation

Том Круз е повторно во кино салите со ново петто продолжение на филмот Mission: Impossible. На 31 Јули тимот на Итан (Том Круз) ќе бидат принудени уште еднаш да ги ризикуваат своите животи и да се зафатат за уште една невозможна мисија. Која секако на крај ќе излезе дека е возможна. Овој пат треба да уништат интернационална организација која сака да го уништи Интернационалниот монетарен фонд.


2. Ако сте за пост хип-хоп генерацијата: Dope

Станува збор за драма која го следи животот на тинејџерот Малком. Бубалица која умешно успева да преживее на дното односно, еден од најтешките квартови на Калифорнија исполнет со дрога и секако активностите на мафијата.


3. Ако сте за разголени мажи: Magic Mike XXL

На 1 Јули доаѓа Ченинг Татум во жешка разголена верзија без маичка. Три години откако престанува да оди во стип клубот заедно со неговата група заминуваат за Myrtle плажата. Тука ќе им се случи последното феноменално шоу.


4. Ако сте фан на Пиксар: Inside Out

Може Пиксар да се врати на она што беше порано? Може само да се очекува дека повторно ќе се вратат во својата форма со анимираниот филм во кој главниот лик е девојче чии емоции целосно ја воведуваат во хаос како што се натпреваруваат за тоа кој ќе го надвладее нејзиниот ум.


5. Ако сте фан на Рајан Рејнолдс: Self/less

Психолошки sci-fi трилер каде главниот лик бавно но сигурно умира од рак и подлегнува на хируршки зафат за пренесување на неговата свесност во телото на еден здрав млад човек.


6. Ако сте инспирирани од Канскиот филмски фестивал: Irritational man

Доаѓа новиот филм на Вуди Ален каде универзитетски професор влегува во врска со една од неговите студентки и сето тоа, да не биде премногу досадно, додека се разрешува мистеријата за убиството кое се случува на кампусот.


7. Ако сте за филм кој ќе го гледате со семејството: Tomorrowland

Млад тинејџер полн научна љубопитност и поранешен дете-гениј заминуваат на пат да ги откријат тајните на местото кое и на двајцата им стои во сеќавањата.


8. Ако сте за комедија и смеење: Ted 2

Припремете се затоа што на смешната дружина и се придружува Лиам Нисон. Тед со неговата жена одлучуваат да имаат дете, но пред да можат да посвојат дете мора да докаже дека е личност.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg