Топ 10 филмови со Роберт Дауни Џуниор

Овој викенд може да се опуштите од напорната работна недела и да уживате во некое добро филмче. Наш предлог е да погледнете некој филм од познатиот актер Роберт Дауни Џуниор.

top-10-filmovi-so-robert-dauni-dzunior-01.jpg

Со своето карактеристично глумење тој успеа да стане еден од најпознатите и најпочитуваните глумци на Холивуд со листа од филмови кои високо котираат на листите на топ филмови.

Ова се 10 негови највисоко оценети филмови од последнава деценија.


1. „Sherlock Holmes“

Детективот Шерлок Холмс и неговиот партнер Вотсон се вклучуваат во битка против непознатиот непријател чија одмазда се заканува на цела Англија.


2. „Chaplin“

Филм за проблематичниот и контроверзен живот на режисерот и кралот на комедијата.


3. „Zodiac“

Карикатурист од Сан Франциско станува аматерски детектив кој станува опседнат со пронаоѓање на серискиот убиец наречен „Зодијак“.


4. „The Avengers“

Најмоќните херои на планетата Земја ги соединуваат силите за да се борат против лукавиот бог Локи и неговата вонземјанска армија.


5. „Tropic Thunder“

Преку серија на чудни појави, група од неколку актери кои снимаат високобуџетен воен филм, принудени се да станат вистински војници.


6. „The Judge“

Големиот адвокат Хенк Палмер се враќа во домот од детството каде неговиот татко, судија на градот, е осомничен за убиство.


7. „Iron Man“

Откако бил затвореник од страна на терористите и успеал да избега, создава уникатен оклоп за да се бори против злото.


8. „Kiss Kiss Bang Bang“

Мистериозно убиство ги соединува еден приватен детектив, актерка и крадец маскиран како актер.


9. „Due Date“

Питер Хајман е принуден со автостоп да гледа што е можно побргу да пристигне дома за пораѓањето на неговата жена.


10. „Sherlock Holmes: A Game of Shadows“

Овој пат целта на Шерлок Холмс и Вотсон е да го победат нивниот најголем непријател, професорот Мориарти.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg