Без глумење: Во овие филмови секс сцените се вистински

Добро знаеме дека во филмовите секс сцените не се реални, но дали е така токму во сите филмови? Некои режисери сакаат целосно да ги доловат емоциите, а тоа се постигнува ако актерите навистина ја доживуваат ситуацијата.

8-filmovi-vo-koi-seks-scenite-se-realni-01.jpg

Ова се филмовите во кои секс сцените се реални:


1. Антихрист 

Режисерот Ларс фон Трир навистина се погрижил овој филм да изобилува со секс сцени и во кој секако самите актери добро си ја вршат својата работа – реално доловување дури и на тие сцени.

Овој режисер е добро познат по тоа дека има токму вакви барања од актерите и не само во овој филм.

Приказната го следи брачниот пар кој се обидува да ја преболи смртта на синот на тој начин што се доселуваат во една колиба сред шума. Тука им се случуваат многу необични и мистични работи.

Во главни улоги се Вилијам Дефо и Шарлот Генсбур.


2. Калигула

Филмот Калигула е преполн со реални секс сцени благодарение на тоа што продукцијата ја презел основачот на списанието „Penthouse“, Боб Гучионе. Во филмот се опишува трагичната приказна и хазардниот живот на римскиот владетел Калигула.

Во главни улоги се: Хелен Мирен, Малком Мекдауел, Питер О’Тул и Тереза Ен Савој.


3. 8mm: Втор дел

Оригиналниот наслов на филмот требал да биде „Кадифената страна на пеколот“, но кога компанијата Sony ги откупила правата за него, бил преименуван во 8mm 2.

Режисер на филмот е Џ.С. Кардоне, а приказната е околу дипломатот и неговата вереница кои на патувањето во Будимпешта имаат секс во тројка. Некој успева да ги сними и подоцна да ги уценува.


4. Влез во празнината

Режисерот Гаспар Ное ја раскажува приказната од перспектива на мртвиот дилер чија душа е сведок на случувањата.
Филмот е сниман во прво лице, а така е и со секс сцените.

Уште 4 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg