10 филмови кои ќе ве одведат на едно поинакво патување

Ако веќе се одлучите да уживате во некој филм, зошто да не го направите тоа со некој квалитетен и добар филм кој ќе ви го ослободи умот и ќе ве натера да патувате низ различни земји ширум светот, а и низ длабочините на вашиот ум?

10-filmovi-koi-kje-ve-odvedat-na-edno-poinakvo-patuvanje-01.jpg

Еве неколку предлози:


1. Amelie

Ниту една листа на филмови кои ќе ве одведат во некое ново место нема да биде целосна, ако не се вклучи и овој прекрасен француски филм.

Го следи животот на Амели – млада Французинка која е во потрага по целта на животот и кој ќе ве одведе во еден сосема поинаков свет. Филм во кој Париз ќе го видите во едно сосема поинакво светло.


2. The Bourne Supremacy

Мет Дајмон преку целата трилогија не носи ширум светот, но овој дел е видно поразличен од останатите и далеку поимпресивен, бидејќи ве носи на еден сосема поинаков пат низ Индија.


3. The Beach

Што ако сè што посакувате е се само не обичен летен одмор? Што ако не сакате деновите да ги поминете во редоследот: апартман, плажа, апартман?

Ова е филм кој ќе ве одведе далеку од капиталистичкиот свет, во еден мал тајландски остров кој денес е светска атракција токму поради овој филм.


4. Lost in Translation

Филм за сите оние кои патуваат сами и кои се прашуваат дали ќе имаат можност да сретнат уште некоја личност која сама патува низ светот.


5. Into The Wild

Овој филм ја следи вистинската приказна на Крис МекКадлес кој го остава факултетот и своето богато семејство и се одлучува пешки и без денар да пристигне до Алјаска.

Ова е еден од тие филмови кои ќе ве натераат да се запрашате како изгледа „кучешкиот живот“ и каква личност би биле ако сè што имате на овој свет сте самите вие, целосно слободни од материјалните работи.


6. The Bucket List

Што ако сте смртно болни? Дали ќе се обидете максимално да го живеете животот или едноставно ќе се откажете од се?

Овој филм следи приказна на двајца смртно болни луѓе кои се одлучуваат да ги исполнат сите свои неостварени желби пред да го напуштат овој свет и за таа цел го пропатуваат целиот свет.


7. The Motorcycle Diaries

Како и секој друг филм од оваа листа, ќе ве научи на тоа која е вредноста на новите искуства, култури и лекции во животот.


8. Eat, Pray, Love

Овој филм го следи животот на Елизабет Гилберт која по разводот се одлучува да ја искуси Италија низ храна, Индија низ молитви и Бали низ љубов.


9. A Good Year

Понекогаш парите не се ништо во споредба со добриот и мирен живот, посебно ако имате можност да го живеете во француската Прованса.


10. Road Trip

Како за крај, секако дека вреди во оваа листа да се вклучи и еден од најзабавните тинејџерски филмови кои го следат патувањето низ Америка на 5 студенти само за да го земат писмото кое може да ја уништи врската на еден од нив.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg