Предлог серии кои треба да ги гледате во 2016-та година

2016-та година ни нуди многу нови, интересни серии, а ова се само неколку препораки доколку сакате да се „опседнете“ со некоја добра приказна додека мрзеливо лежите во кревет.

5-serii-koi-treba-da-gi-gledate-vo-2016-godina

Топ 5 серии чии премиери ќе се случат во текот на 2016-та, а вреди да ги изгледате барем првите епизоди и да откриете дали ќе ве заинтересираат:

American Crime Story: The People v OJ Simpson

Приказна за поранешната фудбалска ѕвезда OJ Симпсон, кој бил обвинет, а потоа ослободен од обвинението за убиството на неговата поранешна сопруга, Никол Браун Симпсон и келнерот Роналд Голдман. Оваа приказна ја пленила земјата во 1994-та година.

Серијата својата премиера ќе ја има на 2 февруари.


Vinyl

Првата епизода е во режија на Мартин Скорсезе, а приказната ги следи авантурите на претседателот на издавачката куќа кој се обидува да ја заживее својата компанија во 70-те години. Мик Џегер, фронтменот на Ролинг Стоунс, е извршен продуцент на серијата.

Премиерата е на 14 февруари.


The Crown

Серија за подемот на Елизабета II, од принцеза до кралица. Во серијата глуми и познатата Хелен Мирен. Срцето на оваа серија ќе биде бурниот однос помеѓу Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип (Мет Смит), кој сé повеќе паѓа во сенката на неговата сопруга.

Датумот на премиерата не е познат.


Westworld

Џонатан Нолан, братот на популарниот Кристофер Нолан, ја ко-креирал серијата, а во серијата глумат Ед Харис и Ентони Хопкинс.

Датумот на премиерата не е познат.


The Young Pope

Наградуваниот италијански режисер, Паоло Сорентино, создаде осум епизоди во минисеријата за папата Пие XIII (Џад Лоу). Ова би требало да биде визуелна и провокативна серија. Во серијата глумат Ени Хол и Дајан Китон, калуѓерки кои му помагаат на Пие да ги постигне своите цели.

Датумот на премиерата не е познат.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку познати, но одлични филмови од 2023-та (кои веројатно сте ги пропуштиле) The Covenant, BlackBerry, Gran Turismo - годинава бројни добри филмови останаа н...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
„The Night Agent“: Напнат политички трилер кој се гледа во еден здив и е хит на Нетфликс The Night Agent стана една од најгледаните серии на Нетфликс, по само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg