Кои се добитниците на Оскарите за 2016-та година?

Заврши уште една гламурозна вечер на Оскарите во која грациозноста и елеганцијата беа едни од основните карактеристики на доделувањето на една од најпрестижните награди.

koi-se-dobitnicite-na-oskarite-za-2016-godina-0001.jpg

Како и секогаш во центарот на вниманието беа луѓето од филмската индустрија кои беа собрани се со цел да се закитат со една од најпосакуваните награди.

Целата вечер беше во знакот на првиот Оскар на Леонардо ди Каприо, а интересен беше и фактот што најмногу Оскари собра филмот, Лудиот Макс. Доколку пропуштивте да проследите кој филм, режисер или актер се закити со Оскар, во продолжение е листата на сите добитници на оскар за оваа година:

Најдобар филм: „The spotlight”- („Разоткривање”)

Најдобар актер во главна улога: Леонардо ди Каприо („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра актерка во главна улога: Бри Ларсон („The Room” – „Соба”)

Најдобар режисер: Алехандро Г. Инариту („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра оригинална филмска песна: „Writings on the wall “ (од филмот „Спектра”, изведувач Сем Смит)

Најдобра оригинална музика за филм: „The hateful eight”- „Омразената осумка“ (под диригентската палка на Енио Мориконе)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Son of Saul” – „Синот на Саул” (Унгарија)

Најдобар краткометражен игран филм: „Stuterrer”

Најдобар долгометражен документарен филм: „Amy” (документарен филм посветен на животот на Ејми Вајнхаус)

Најдобар краткометражен документарен филм: „The girl in the river, the price of forgiveness” - („Девојката во реката, цената на простувањето”)

Најдобра споредна машка улога: Марк Рајланс („Bridge of spies”- „Мост на шпиуни”)

Најдобар анимиран долгометражен филм: „Inside out”

Најдобар краткометражен филм: „Bear story”

Најдобри визуелни ефекти: „Ex Machina”

Најдобра монтажа на звучни ефекти: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра монтажа на звук: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра филмска монтажа: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра фотографија (кинематографија): („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра шминка и фризура: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобар дизајн на продукција: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра костимографија: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра актерка во споредна улога: Алиша Викандер („Danish girl”- „Девојката од Данска”)

Најдобро адаптирано сценарио: „The big short”- („Зделка на столетието”)

Оригинално сценарио: „The spotlight”- („Разоткривање”)

Според некои, добиените Оскари беа заслужени, според некои тие претставуваа изненадување. Сепак, останува да се радуваме на оваа манифестација и да се надеваме дека филмската индустрија сè повеќе и повеќе ќе напредува и ќе изненадува со нови и уникатни дела, обидувајќи се да ни го задржи вниманието и да ни го одземе здивот.

Комплетната листа на Оскари.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...
8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски ост...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg