Викенд предлог: 3 холивудски филмови чие дејство се случува во Индија

За претстојниот викенд ви предлагаме 3 прекрасни филмови чие дејство се случува во Индија. Тие ќе го освојат вашето срце и ќе ви отворат сосем нов и поинаков поглед кон шарената Индија.

Filmovi_cie_dejstvo_se_slucuva_vo_Indija.jpg

Комедија, драма, авантура, испукајте доволно пуканки, викнете го вашето друштво и уживајте во филмскиот викенд:

The Best Exotic Marigold Hotel – 1 & 2

Група пензионирани британци ќе тргнат на егзотично патување во Индија, до крајното прибежиште - „The Best Exotic Marigold Hotel“, кое нуди гламур и спектакуларен престој.

Наскоро, сопственикот на хотелот, кој сепак не е она што се рекламира, ќе ги освои гостите со својот шарм и непосредност и ќе ги промени нивните животи на начин каков што не замислувале никогаш.

Филмската екипа е врвна – Џуди Денч, Меги Смит, Бил Најџи...

Вообичаено, кога толку многу познати актери се собрани на едно место не гарантира успешно филмско остварување, но ова е исклучок.

Slumdog Millionaire

Добитникот на Оскар за најдобар филм во 2008-та година во режија на Дени Бојл, ја следи приказната на Џамал, сиромашно момче од предградието, чиј сон е да биде победник во квизот „Кој сака да биде милионер“, покажувајќи дека истрајноста и вербата во себе се највредното нешто коешто може да го поседува еден човек.

Покрај љубовта, секако.

Возбудливо, интересно, со неочекувани пресврти и емоции, ова е филм што долго ќе го паметите. Глумата на Дејв Пател и Фрида Пинто целосно ќе ве освои, како и изборот на музиката.

The Darjeeling Limited

Оваа комична драма во режија на Вес Андерсон го прикажува патувањето на тројца браќа, кои една година по погребот на нивниот татко, со цел повторно да се поврзат, патуваат со воз низ Индија.

Причината за изборот на оваа необична локација ќе ја дознаете доколку го погледнете филмот со Овен Вилсон, Адриен Броди и Џејсон Шварцман во главните улоги.

Овој филм е дефинитивно едно забавно возење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса) Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, с...
Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски ост...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg