Топ 8 документарци кои можете бесплатно да ги гледате на Youtube

Кога сакаме да дознаеме нешто повеќе за светот и за луѓето во него, а нѐ мрзи да истражуваме, тогаш седнуваме и гледаме документарен филм. 

8-dokumentarci-koi-mozete-besplatno-da-gi-poglednete-na-youtube-01

Верувале или не, Youtube е многу добар извор на документарци ако сте снаодливи, односно ако можете да ги заобиколите сите видеа од мачки и останатите работи...

Ова се 8-те најдобри документарци кои можете да ги гледате на Youtube:

1. Child Rage

Ако сте расположени за добар реален хорор, тогаш уживајте во овој 28-минутен документарец за младата Бет Томас – дете кое постојано зборува за убивање на нејзиниот брат и родителите кои ја посвоиле.

Создаден во 1989, филмот е составен од извадоци од лентите со терапијата на др. Кен Мегин – клинички психолог кој ја интервјуирал и разговарал со неа.

Мегин зборува со неа за кршење на вратовите на птички, живописно убивање на нејзиното семејство и крадење ножеви од нејзината мајка.


2. The Iceman Tapes – Inside the Mind of a Mafia Hitman

Во овој документарец посветен на Ричард Куклински – ладнокрвен платен убиец кој во моментов е во доживотен затвор поради убиство на 5 потврдени луѓе, (и +100 други, вклучувајќи го убиството на водачот Џими Хофа).

Докторот Парк Дјец – форензички психијатар го интервјуира и го проценува човекот познат како „Iceman“.

13-часовната средба е сумирана во 45-минутен документарен филм од серијата „America Undercover“ на HBO.


3. Made in China – Factory of the World

Сигурно некогаш сте се прашале себеси каде и како била произведена корпата за облека или паметниот телефон.

Постојат големи шанси дека тие биле направени во град во Кина познат како „Factory City“.

Работно место големо колку Монако, исполнето со десетици и стотици луѓе.

Овој документарец дава јасен и длабок приказ во овој „град“.


4. The Next Black – A film About the Future of Clothing

Ова не е филм за она што е ново, туку за она што е следно (или барем така пишува на нивната веб страна).

Овој фасцинантен документарец ја прикажува модната индустрија, нејзините иноватори и водачи како Adidas, Patagonia, Studio XO...

Станува збор за иднината на облеката, општата загриженост за одржливоста и средината, појавувањето на нова и потенцијална технологија која може да го промени традиционалниот начин на размислување и се разгледува креативниот процес за создавање на облека.


5. Brewed in the Burg Beer Documentary

Во 20-тиот век, во Харисбург, Пенсилванија била создадена една од најголемите заедници за правење пиво. Но, до крајот на 50-тите, оваа култура скоро се распаднала.

Brewed in the Burg  е документарец за појавувањето на една од најживите заедници за правење пиво која и ден денес постои во Харисбург – каде постојат преку 30 пиварници во радиус од 50km.

Ако сте љубител на правењето пиво и сакате да научите нешто повеќе за тоа, за заедницата и за културата, ова е добар избор.


6. Jesse James American Craftsman

Во светот на мотоциклистите, кога ќе го спомнете неговото име за кратко време добивате многу пофалби, но и осуди.

Без разлика дали го сакате или го мразите, тој е вистинското нешто – дете со работничка облека претворено во еден од најдобрите изработувачи на мотори, произведувачот кој ја промени играта, металски работник, пушкар и претприемач.

Овој краток 44-минутен документарец раскажува за Џејмс, неговиот уметнички процес и важноста на занаетот и усовршување на трговијата – без разлика дали е изработка на ножеви, дрводелство...

Овој документарец ќе ве натера да сакате да ја работите неговата работа.


7. The Billionaire Life of Warren Buffet

Ова е документарец за човекот кој 10.000 долари ги претвори во 40 милијарди (и многу повеќе), претседателот на Berkshire Hathaway и на the Oracle of Omaha – Ворен Бафет.

Документарецот расправа за скромните почетоци, кога уште како дете започнува да продава шишиња од Coca-Cola за 5 центи, па сѐ до неговата донација од 2/3 од неговото богатство за хуманитарни цели.

Берзата, паметно вложување, Образованието и лекциите кои ги научил за добар бизнис, се дел од нештата што ќе ги пронајдете во овој инспиративен документарец за еден од највлијателните и најбогатите луѓе во историјата.


8. Choke

Пред да стане популарен како ММА борец во 2000-те и пред UFC натпреварите да бидат пренесувани за 60 долари, постоеше подземна и експлозивна форма на боречки вештини наречена „freestyle fighting“.

На врвот од успехот во неа беше Риксон Грејсие. Денес, Грејсие е дел од Аула на познатите како легенда на ММА, повремена филмска ѕвезда и некој го критикувал UFC за „нежната“ конкуренција.

Choke, објавен во 1999-та година, го прикажува Грејси на неговото патување да ја одбрани титулата во vale tudo freestyle fighting шампионатот во Токио во 1995-та година.

Грејси е чудовиште и уметник од својата бранша, а само една сцена е доволна да ве запрепасти.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 (сериозни) тинејџерски филмови во кои ќе уживаат и возрасните Eight Grade ќе ви покаже со што навистина се соочуваат тинејџерите во модерно вр...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
9 постари, но непредвидливи филмови за спас во досадните денови Ако повеќе време поминувате барајќи филм, отколку што реално трае тој самиот, то...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg