10 филмови кои ќе ве вратат во магичните лета додека бевте дете

Летото подразбира да поминувате повеќе време надвор, да уживате во свежиот воздух, да се нурнете во студена вода или едноставно само да се препуштите на релаксација.

10-filmovi-koi-kje-ve-vratat-vo-magicnite-leta-dodeka-bevte-dete-01.jpg

Но, додека секој сака што е можно повеќе да ужива на плажа и сонце исто така, секој сака да погледне и по некој филм во скапоцените три месеци кои ги нарекуваме лето.

Токму затоа, можете да најдете изговор, да заборавите на годините и повторно да се вратите во детството.

Неколку филмови кои ќе ве потсетат на летата додека бевте дете:

1. „Now and Then“

Овој филм иако има свој мрачни моменти, веројатно во детството се концентриравте само на возењето на велосипед и уживањето заедно со блиските пријатели.

2. „The Sandlot“

Филм за кој слободно може да се каже дека го означува летото на секое дете.

3. „Troop Beverly Hills“

Едноставно можете да го почувствувате духот на летото...

4. „It Takes Two“

Две мали палавки на кои може буквално сè да им биде простено – зарем тоа не го означуваше и вашето детство?

5. „Camp Nowhere“

Дали како дете често посакувавте да заминете на летен камп заедно со уште еден куп други деца? Овој фил ќе ви ја исполни токму таа желба.

6. „The Parent Trap“

Прекрасен филм кој ќе ве потсети на една од лектирите кои ги читавте во детството – „Двојната Лота“.

7. „The Baby-Sitters Club“

Овој филм го доловува времето во кое сè уште сте биле дете, но сте се сметале себеси за возрасна личност.

8. „The Little Rascals“

Речиси нема човек кој не се сеќава на Алфа Алфа и неговата сакана Дарла.

9. „Don't Tell Mom the Babysitter's Dead“

Не постои дете или тинејџер кој не сонувал да опстане сам дома за време на летниот период...

10. „Free Willy“

Филм кој нè научи на храброст како и на тоа да се бориме за нашите уверувања.

Имате да додадете уште некој филм на листата?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg