3 неверојатно добри филмови кои вреди да ги погледнете во јануари

Покрај новогодишните филмови, во јануари нè очекуваат уште 3 интересни филмови кои вреди да ги погледнете.

3-neverojatno-dobri-filmovi-koi-vredi-da-gi-poglednete-vo-januari-01.jpg

Секој од нив, ќе успее да ве заинтригира и остави без зборови:

„Gold“

Метју Меконахи продолжува да нè изненадува со изборот на улоги, овојпат како професорот Кени Велс чин татко, Рено, поседува компанија за откопување на злато. Токму заради таа компанија се склопува едно невообичаено пријателство во потрага по злато дури до Индонезија. Главната порака на филмот - како што вели протагонистот е „Ако си ги продадете соништата, тогаш што ви останува“?

„Live by Night“

Бен Афлек реши да ја обнови својата плодна соработка со писателката Денис Лиејн (Gone Baby Gone) и да комбинира неверојатно добри актери (Сиена Милер, Брендан Глисон, Зои Салдана, Крис Купер...) за да ни прикаже еден добар, старомоден мафијашки филм кој ја раскажува приказната за амбициозниот Џо Кофлин. Приказната се случува за време на Ерата на забраната (за продажба и производство на алкохолни пијалаци).

„Hidden Figures“

Адаптиран од истоимената книга, „Hidden Figures“ раскажува фасцинантна вистинска приказна за група на жени од афроамериканско потекло кои станаа незаменливи за вселенската програма на НАСА во 1950-та година, пред да започне сегрегацијата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg