Викенд предлог: Топ 10 филмови со Кијану Ривс

Кијану Ривс е еден од најомилените актери во Холивуд, заради неколку причини. Талентиран, скромен и приземјен, овој 52-годишен канадски актер има тажна животна приказна, која сепак не го спречила во постигнувањето успех на професионален план.

10-filmovi-so-Kijanu-Rivs-01.jpg

Кијану имал прилично несреќно детство, а се соочил со многу трауми во неговиот живот – губењето на неговиот најдобар другар заради предозирање, мртвороденото бебе со неговата девојка, која подоцна починала во автомобилска несреќа.

Тој за малку ќе ја изгубел и својата сестра која боледувала од леукемија.

И покрај овие страшни животни турбуленции, Кијану останува еден од ретките искрени и дарежливи луѓе. Тој нема телохранители и често го користи јавниот сообраќаен превоз, а сите филмски хонорари ги донира во добротворни цели.

Токму затоа го обожаваме Кијану, бидејќи пред сè друго е човек кој не дозволил да го заслепи холивудската слава.

Oва се неговите 10 најуспешни филмови кои вреди да ги изгледате:

Sweet November

Прекрасна ексцентрична млада жена ќе му предложи на мажот кој штотуку го запознала да го помине целиот месец ноември со неа, бидејќи животот ќе му се промени на подобро.

John Wick

Поранешен платен убиец повторно ќе се активира против мафијата која во минатото му земала сè што му значело во животот.

The Devil's Advocate

Млад просперитетен адвокат од Флорида ќе ја добие работата од соништата во голема адвокатска компанија во Њујорк, но неговиот претпоставен е опасен и моќен, некој кој не е она што се претставува.

Bill & Ted's Excellent Adventure

Двајца будалести и ентузијастички настроени тинејџери се обидуваат да подготват историска презентација со помош на временска машина.

Speed 

Полицаец мора да го спречи експлодирањето на бомба поставена во автобус полн патници, која ќе се активира доколку брзината на возење надмине 80 km/h.

The Matrix

Компјутерски хакер ќе започне да се сомнева во реалноста во којашто живее и дали постои некој кој управува со луѓето онака како што сака.

Тhe Lake House

Двајца осамени луѓе кои делат иста куќичка покрај езеро во различни временски периоди, започнуваат да се допишуваат со писма и романсата е неизбежна.

Constantine

Детектив со натприродни моќи ѝ помага на својата колешка полицаец да ја истражи смртта на нејзината сестра, каде што не станува збор за самоубиство, туку за нешто многу пострашно.

A Scanner Darkly

Во овој необично анимиран филм каде што дејството е сместено во блиската иднина, полицаец кој е на тајна задача почнува да експериментира со опасна нова дрога поради која ќе започне да го губи идентитетот.

The Gift 

Млада жена со огромна перцептивна моќ е замолена да пронајде друга која се смета за исчезната.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg