5 филмови со Бијонсе кои заслужуваат шанса

Бијонсе е кралица на музичката сцена, но подеднакво успешно умее да се снајде и на филмското платно. Зад неа се околу десетина улоги и интересно е што таа не секогаш инсистира да е во главната улога, туку со задоволство ги портретира и споредните улоги во филмовите кои ѝ се нудат.

Bijonse-vo-glavnata-uloga-01.jpg

Ви ги препорачуваме овие 5 филмски остварувања на талентираната Бијонсе:

The Fighting Temptations

Во обид да си го земе наследството кое му е препишано, млад маркетинг менаџер ќе допатува во мал јужноамерикански град и ќе се соочи со предизвикот – да состави успешен и квалитетен госпел хор.

Dreamgirls 

Музичко трио составено само од Афроамериканки ќе доживее неверојатен успех во ’60-тите години на минатиот век, и оттаму започнува нивната слава, подеми, падови и лични борби.

Obsessed

Дерик има сè што посакува еден маж – успешна кариера, големо унапредување и прекрасна жена, но кога неговата колешка ќе започне да го прогонува сите убави работи кои ги има се ставени во опасност.

The Pink Panther

Познатиот инспектор Клузо мора да ја реши мистеријата – кој го убил познатиот фудбалски тренер и кој го украл дијамантот наречен „Пинк пантер“.

Cadillac Records 

Музичка драма која го прикажува развојот на студиото „Chess Rekords“ и музичарите кои снимаат под оваа етикета.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg