Меѓу Џејми и Дакота постои силна хемија: Режисерот на „Fifty Shades Darker“ открива тајни од снимањето

Лудилото за еротскиот блокбастер „Fifty Shades Darker“ продолжува, а режисерот Џејмс Фоли реши да сподели со нас неколку интересни факти и искуства кои ги имал за време на снимањето на второто продолжение.

megju-dzejmi-i-dakota-definitivno-ima-hemija-7-raboti-koi-gi-otkriva-reziserot-za-fifty-shades-darker-01.png

Еве што открива тој:

1. Нашле шпион

За време на снимањето некоја жена се претставувала како лична асистентка на режисерот и постојано била покрај него. Еден ден, кога некој од вработените почнал да зборува со неа, сфатил дека има нешто чудно околу неа. Подоцна откриле дека станува збор за шпион кој следел што се случува за фан страна на Твитер.

2. Меѓу главните актери дефинитивно има хемија

Не е само до фановите кои сметаат дека меѓу Дакота Џонсон и Џејми Дорнан постои хемија, истата јасно ја забележал и самиот режисер. „На почетокот некако не забележував, ама сега дефинитивно сум убеден дека има хемија меѓу нив“ - изјавил.

megju-dzejmi-i-dakota-definitivno-ima-hemija-7-raboti-koi-gi-otkriva-reziserot-za-fifty-shades-darker1.jpg

3. Имало многу смеа за време на снимањето на секс сцените

„Секс сцените генерално се многу напнати. Но, не беше таков случајот и со ова снимање. Колку и да беа напнати и срамежливи Дорнан и Дакота, на крајот избиваше смеа заради која полесно ги снимивме сцените. Имав можност повторно да го погледнам филмот, на сцените не можете да забележите ништо од таа смеа“.

4. Сцените се снимале во целосна приватност

„Секс сцените беа снимани со минимум потребни луѓе. Камерата ја поставувавме на огромен кран и беше контролирана преку камера оператор. Покрај актерите за време на овие сцени бевме само јас, камерата и мојот асистент“ - открива Фоли.

5. Џејми Дорнан без проблем се соблекувал

„Никој не бараше од него целосно да се разголи, но тој тоа го правеше без двоумење“.

megju-dzejmi-i-dakota-definitivno-ima-hemija-7-raboti-koi-gi-otkriva-reziserot-za-fifty-shades-darker-2.jpg

6. Сцената во лифтот била најтешка за Дакота

Режисерот бил изненаден кога дознал дека сцената во лифтот ѝ била најтешка на Дакота и сакал да открие точно зошто. Не затоа што имала фобија или затоа што лифтот бил лажен, туку затоа што Дакота преферирала да снима со минимум луѓе на сцена, а таму имало еден куп тотално непознати луѓе.

7. Авторот на книгата бил присутен секој ден на снимањето

„Многу го почитуваме за тоа. Беше како да се грижи за сопственото дете“ - открива режисерот, кој подоцна додава дека тоа многу им помогнало, бидејќи имала одлични идеи за тоа што и како да се снима. Понекогаш и нејзините идеи, сепак, морале да бидат одбиени, а таа тоа го прифаќала без проблем.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Како режисерот Вес Андерсон ги прави најуникатните и визуелно највпечатливи холивудски филмови? Симетрија, пастелни бои и впечатливи реквизити - кои се тајните на Вес Андерсон,...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg