10 комедии кои загарантирано ќе ве насмеат до солзи

Време е за смеење до солзи. Зарем има нешто подобра од одлична комедија која ќе ве натера да заборавите на стресот? Исклучете се од реалноста и проблемите, подгответе си нешто вкусно за грицкање и одберете некој од следниве 10 комични филмови:

10-komedii-koi-sovrseno-ke-ve-relaksiraat-i-nasmeat-01.jpg

Tropic Thunder (2008)

Група познати актери кои снимаат високобуџетен воен филм ќе бидат приморани да се борат како вистински професионални војници во акција.

Step Brothers (2008)

Двајца безделничари кои не прават апсолутно ништо корисно со нивните животи ќе бидат приморани да живеат заедно, откако нивните родители ќе решат да се венчаат.

Hot Fuzz (2007)

Полицаец од Лондон со одлична кариера позади себе неволно ќе биде преместен во мало англиско село, а неговиот нов партнер е некој што воопшто не го очекувал. Тој започнува да се сомнева во заговор кој го кројат жителите на селцето.

Johny English (2003)

Неочекуваниот напад брз британската тајна агенција MI5 ја остава организацијата на милост и немилост во рацете на најнеинтелигентниот шпион, Џони Инглиш.

Horrible Bosses (2011)

Што кога вашиот шеф е безмилосен, ви го загорчува животот и стои на патот на вашата среќа? Според тројцата најдобри пријатели, постои само едно решене – да се убијат ужасните шефови.

Sex Drive (2008)

Тинејџер решава да ја помине половина од државата со своите најдобри пријатели со цел да ја се сретне со девојката која ја запознал он-лајн и конечно да ја изгуби невиноста.

I Love You, Man (2009)

Питер штотуку ја запроси својата девојка која се согласи да се омажи за него. Постои само еден мал проблем – тој нема машки пријатели и мора да пронајде кум за венчавката.

Knocked Up (2007)

Една пијана вечер, двајца целосно некомпатибилни странци ќе завршат во кревет заедно. По 8 недели, девојката се појавува пред неговиот дом и му кажува дека е бремена.

Forgetting Sarah Marshall (2008)

Откако неговата девојка му раскинува, разочараното момче со скршено срце оди на Хаваи да се релаксира, само за да дознае дека таа е исто така таму, со новото момче.

EuroTrip (2004)

Постара, но одлична комедија која го носи вљубеното момче и неговите пријатели на луда бркотница низ половина Европа, за да ја пронајде девојката во која е вљубен.

;

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 историски филмови кои ќе ви ги отворат очите и умот Доколку сакате да погледнете добар филм кој ќе ви го поттикне умот на размислува...
Викенд предлог: Топ 10 филмови со Кијану Ривс Кијану Ривс е еден од најомилените актери во Холивуд, заради неколку причини. Та...
10 највознемирувачки филмови снимени досега Постојат филмови кои нè потсетуваат колку прекрасни... Постојат филмови кои н...