Операција: Грабеж - 10 филмови со кражби кои ќе ве остават со подотворена уста

Доколку сакате брзи и напнати филмови полни со неизвесност, тогаш оние каде што главната тема е грабеж се полн погодок.

10-filmovi-so-krazbi-koi-ke-ve-ostavat-so-podotvorena-usta-01.jpg

Темата е позната, актерските тимови – одлични, а режијата и музиката се посебно доживување. 

Оставете ги мобилните и компјутерите, бидејќи е пожелно да не испуштите ниту минутка од следниве 10 одлични филмови:

The Italian Job (2003)

Откако еден од тимот ќе ги предаде сите останати, тие се решаваат на следниот логичен чекор - одмазда за изедначување на сметките. Два одлични грабежи надополнети со акција и солиден актерски тим.

The Town (2010)

Додека ја планира својата следна голема кражба, водачот на тимот мора да се одлучи дали ќе биде искрен со вработената во банката каде што претходно веќе извршил грабеж, а во која полека почнува да се вљубува.

Inside Man (2006)

Акцијата на брилијантниот криминалец се претвора во вистинска збрка со заложници во банката која е таргет. Детективот од полицијата и брокерот се обидуваат да помогнат во решавање на случајот, со најнеочекуваниот крај кој не може да го замислите.

Inception (2010)

Професионалец кој краде тајни од големите магнати со помош на специјална технологија на споделување соништа ќе добие посебна задача – да всади идеја во главата на наследник на огромна и моќна корпорација.

Ocean’s Eleven (2001)

Актерска екипа од соништата, со многу ѕвезди на едно место сепак ветува одлична филмска забава. Како да се ограбат 3 казина во Лас Вегас во исто време и да се освои девојката која ти ја украл сопственикот на казината?

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg