Зошто хероините во филмовите секогаш мора да го менуваат својот изглед?

Некои работи можат да го направат филмот едноставно поинтересен, а меѓу нив дефинитивно е промената на главната хероина.

zoshto-heroinite-vo-filmovite-sekogash-moraat-da-go-menuvaat-svojot-izgled-01.jpg

И колку и да изгледа интересно кога дијамантот добива форма, едноставно не можеме да издржиме, а да не си кажеме во себе: „Променава за да ме прифатат другите некако не ми звучи привлечно...“

Секако, овој момент во филмовите си има свои позитивни, ама и негативни страни.

Позитивни:

  • Промените секогаш се случуваат со некоја весела мелодија
  • Забавни се за гледање
  • Вклучуваат испробување на облека
  • Поврзување на женските ликови
  • После промената, хероините некако изгледаат посреќни

Но, негативните работи како да се побројни:

  • Потенцираат дека нешто не било во ред со хероината на почетокот
  • Потенцираат дека облеката и добрата фризура можат да ви го променат животот
  • Потенцираат дека заради тоа можете да станете злобни и да ги изгубите вистинските вредности
  • Најчесто се прават за љубов, ама навистина треба да се промените за другата страна?
  • Промените најчесто се случуваат без желба или волја на хероината
  • Никој не купува илјадници работи одеднаш, ниту пак може да си го дозволи тоа...
  • Очекувате промените да бидат трајни, ама никогаш не се, плус може да не завршат со позитивен исход

Едно е јасно, прикажуваат прашања околу идентитетот на жените и нивната автентичност, па дали се добри или не? Корисни? Негативни?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg